„Изедена“ лента од касета и уште 13 големи проблеми што ги имавме како деца
Проблем ми беше сосетката што не ни ја враќаше топката ако падне кај неа во двор и симпатијата кој не ме забележуваше.
Се сеќавате ли кога бевме деца и кога со сендвичот во раце трчавме во маало? Игравме разни игри и на моменти верувавме дека имаме многу гоолеми проблеми.
Од денешна перспектива, тие проблеми ми изгледаат смешно, забавно и со задоволство би сакала да ги имам, односно да ги заменам за актуелните „проблеми на возрасните“ со кои се соочувам.
Проблемите кои ги имав во детството:
- Скараната другарка затоа што не сум ја викнала за надвор.
- Крвави колена од што паѓав трчајќи во прашината во маало.
- Симпатијата кој не ме забележуваше.
- „Лошиот“ прекар кој го добив од другарите од улица.
- Ист симпатија со другарката и кавга која од нас ја сака тој.
- Кога сите се договаравме да бегаме од час на училиште, а знаев дека дома ми следува казна за тоа.
- Тоа што родителите ме прибираа порано од другите деца.
- Сосетката што не ни ја враќаше топката ако падне кај неа во двор.
- Тоа што понекогаш немаше кворум за играње народна, грабни стапче, цигарче и џамија.
- Тоа што другарка ми беше подобар голман од мене кога игравме со машките од маало фудбал.
- Тоа што вокменот понекогаш знаеше да ми ја „изеде“, односно уништи лентата од касетата.
- Страшните приказни за духови кои ги раскажуваа другарите кога веќе надвор е ноќ.
- Кога дома не ми ја купуваа играчката која беше хит и сите деца ја имаа.
- Кога плачев затоа што не сум добила петка.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело