Секој ден на работа се фалеше со колку жени спиел, но жена му си ја нарекуваше најубав ангел... (18+)

sekoj-den-na-rabota-se-faleshe-so-kolku-zheni-spiel-no-zhena-si-ja-narekuvashe-najubav-angel-01.jpg

Доаѓаше на работа со сочни исповеди од типот „Леле, една голема што сум ја растресол, ѝ ги кренав нозете и од што ѝ беа долги мислам го оштетив кровот од автомобилот“. Верувале или не, некогаш дури и фотографија ќе ни покажеше од некоја од неговите „блиски пријателки“.

А, тие, не знам што да кажам – никакви, зборувам никакви во споредба со неговата жена убавица.

Таа со извајано тело, очи како на срна, долга лелеава црна коса... Едноставно совршена.

Но, не, со неа има 2 деца и веќе 15 години е во брак, па таа не му е забавна. Веќе му е видена, искусена, здодеана.

Не ја цени, не ја перципира нејзината исконска убавина.

Спие со која ќе стигне, а згора на сè се фали каде ќе стигне.

Ова првото не го разбирам, покрај такво богаство дома што има, но ова второво уште помалку. И го прашав „зошто се фалиш наоколу, зарем не ти е страв дека некој ќе ѝ пренесе, сепак мал е градов, секој со секој се знае“...?

А, тој во негов „мачо“ стил ми вика: „Па, ако не се пофалиш дека си е*ел, тоа е исто како да не си е*ел.“

И толку, тоа беше сè што ме интересираше за неговите излети надвор од бракот. Навистина не сакав да знам, не сакав да слушам за нешто кое крајно го осудувам.

Се случуваше дури и сопругата да дојде да го посети на работа, а со кои очи да ја гледам таа жена кога нејзиниов спиеше со секоја промискуитетна жена што ќе му наидеше на патот. И уште понесфатливо е што ниту една од нив не ѝ беше до колена, ниту по изглед, ниту по интелигенција, ниту по култура.

Но, така бирала во животот и тоа е тоа.

Жално е што ваков животен стил тераат многу мажи, а да им споменеш што ако твојата сопруга си направи ваков „излет“ на страна од бракот очи ќе ти истераат. Жената не смеела да изневерува, не ѝ личело, треба да е угледна, мажите се друго. Двојни аршини до бесвест.

Они тоа онака го прават, без емоции, ништо не значело, ништо не менувало во бракот, а жената била друго, таа ќе се вљубела, деца треба да чува дома, не чини тоа.

И така не престана да се фали со кого сè секс имал, а слушам до ден денес уште е во брак.

Познавате ли и вие по некој ваков?

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Добрата жена тешко се наоѓа, а лесно се губи - Мора да знаете како да ја сакате Кога жената ќе почувствува дека не ја почитуваат како што заслужува, таа заминув...
Елена Ристеска за CRNOBELO лексикон: „Љубовта на моите родители ми е пример како да се одржува однос... „Како дете двапати без повод бев нападната, меѓутоа толку многу ги тепав што на ...
Јавете им се на родителите, одете кај баба ви и дедо ви – не знаете колку време ви останува со нив Не можам да ви кажам што ќе ви донесе утрешниот ден, но можам да ви го кажам сле...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg