„Срцка, да те мажиме годинава“, ми рече жената чиј маж ѝ удира шлаканица за пресолена вечера

Оставете нè да дишеме... Како што ние не ве прашуваме зошто подраснатиот корен не сте го офарбале 3 месеци, ниту за тоа што кога и да се видиме немате тема за разговор друга освен тоа кога на детето му протекло нос и колку ви дошла сметка за струја, така и вие не нè прашувајте кога и дали ќе се мажиме.

srcka-da-te-mazhime-godinava-mi-reche-zhenata-chij-mazh-i-udira-shlakanica-za-presolena-vechera-01.jpg

Во ред е што сте во брак, во ред е што сте одлучиле да трпите психичко, па дури и физичко насилство, во ред е што сосема ви е прифатливо да слугувате некому и да се потчинувате на туѓите желби и потреби... Во ред е и ако сте имале среќа да пронајдете достоен маж и да сте во брак полн љубов и разбирање.

Но, не е во ред да ми кажувате како да живеам.

Не е во ред со секоја честитка за роденден да добивам „Срцка, да те мажиме годинава. Што чекаш? Биолошкиот часовник ти отчукува, Ајде, не бирај толку, време ти е...“

Ако сум пронашла љубов каква што сметам дека заслужувам, тогаш ќе сум ја крунисала со брак. А, ако гледаш дека прстен не ми светка на раката, тогаш можеби не сум пронашла маж кој може да стои рамо до рамо со мене или пак бракот не ми е на листата на животни цели.

Редно време е да престанете да си го пикате носот во туѓите животи и да им кажувате на другите како треба да живеат.

Олабавете се, пронајдете си животна смисла, пронајдете си цел. Оставете нè нас немажените да живееме така како што сакаме.

Оставете нè да се мачиме одејќи на коктели со другарките, на маникир, на патувања, на шопинг, на кино, оставете нè да уживаме во топла купка на светлина од свеќи или да читаме роман со чаша од омиленото вино.

Многу голема е веројатноста дека нас токму тоа среќни нè прави.

Можеби воопшто не можеме да се замислиме во ситуација дека најголема животна случка ни е првото запче на детето и да ставиме албум со 30 фотографии од истото на Фејсбук, притоа тагнувајќи ги сите тетки, стрини и баби.

Оставете нè да дишеме. Како што ние не ве прашуваме дали некогаш се каете што стапивте премлади во брак и од младоста не видовте ништо, па додека другите шетаа вие рибавте рерна.

Не ве прашуваме ниту за онојпат кога мажот преку муцка ви „врза шлаканица“ затоа што вечерата повторно сте му ја пресолиле, ниту тоа што подраснатиот корен не сте го офарбале 3 месеци затоа што немате време за себе, ниту за тоа што кога и да се видиме немате друга тема за разговор освен тоа кога на детето му протекло нос и колку ви дошла сметка за струја. 

Ниту за тоа што не сте ни налик на личноста која бевте некогаш, што не успавте да растете како личност, туку дури интересите за информации од разни области ви станаа поскромни од кога било, ниту што станавте од оние жени на кои главна забава им е што кажала сосетката и кој кого погледнал накриво.

Оставете нè да дишеме вака сами, осамени, напудрени, прошетани и насмеани. Можеби нам вака ни чини. Секој има право на свој живот.

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело / Фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg