Бродски дневник на Ивана од Скопје: „Гостинка-измамничка намерно заведе член на екипаж, па го пријави и доби поволности“

Гостинки доаѓаат на крстарење со замисла да ги намамат мажите од екипажот и да им се закануваат со пријава за малтретирање, па наместо тоа добиваат бесплатен луксуз – љубовни скандали и опасни флертови од времето кога работев на брод.   

brodski-dnevnik-na-ivana-od-skopje-gostinka-izmamnichka-namerno-zavede-chlen-na-ekipazh-pa-go-prijavi-i-dobi-povolnosti-01.jpg

Бродскиот живот некогаш бил наменет за посилниот пол, пирати, освојувачи и морнарици, ретко можело да се види жена на брод.

Морнарите важеле за силни и храбри, подготвени да се соочат со бури и бранови, по неколку години далеку од дома и од саканите. Затоа и постојат сирени, волшебни убавици, со лик на жени, а тело на риба, кои постоеле за да ги заведуваат морнарите и пиратите, или само плод на нивната имагинација далеку од своето родно огниште, љубената и женскиот допир.

Но, со појавата на крстарењата, меѓу бродскиот екипаж се сретнуваат и девојки и жени, и помлади и постари, бидејќи заработката била и сè уште е навистина солидна.

Од помошнички во кујна и собарки, до пејачки и продавачки, а денес и офицери, дамите почнуваат да стануваат дел од модерните морнари, кои наместо да се борат со невремиња, се „борат“ со гостите, некои фини, други досадни, некои пребирливи, а трети неподносливи, специфични и полни со каприци, навистина има од сè по нешто.

Бродските договори траат од седум до девет месеци, а во таа трка со времето, парите и обврските, неретко се раѓаат симпатии, љубовни врски, но и многу кратки, слатки и најчесто безначајни врски со краток рок на траење.

brodski-dnevnik-na-ivana-od-skopje-gostinka-izmamnichka-namerno-zavede-chlen-na-ekipazh-pa-go-prijavi-i-dobi-povolnosti-02.jpg

Забавите за екипажот се луди, до раните утрински часови и со многу алкохол, а често завршуваат во нечија кабина, далеку од очите на бродското обезбедување, и во интимна атмосфера, цимерот седи во ходникот, додека другиот ужива, онака, на брзински.

Врските меѓу вработените се сосема нормална работа, парови често се одлучуваат да работат заедно, но само брачна двојка може да биде во иста кабина со венчаница како доказ.

Исто така и кратките авантури и афери се нормални, но строго се забранети секакви врски меѓу вработен и гостин. Нивото на професионалност кое се бара од бродскиот екипаж е на завидно ниво и секое прекршување може да значи отказ од работа.

Една ноќ со гостин = губење на работно место

Но, не попусто се вели дека забранетото овошје е послатко, па често може да се види како гости флертуваат со вработени, и обратно. Иако според правилата не смее, но правилата постојат за да бидат прекршени, нели?

Па така една кратка авантура на келнерка во бар од Бразил скапо ја чинеше, и тоа губење на работно место.

brodski-dnevnik-na-ivana-od-skopje-gostinka-izmamnichka-namerno-zavede-chlen-na-ekipazh-pa-go-prijavi-i-dobi-povolnosti-03.jpg

Бразилскиот карневал е најлудото крстарење во текот на годината, 24-часовна забава, многу диџеи, маскенбал и секако многу, многу алкохол.

Па така една млада Бразилка, на прв договор, малку се „внела“ во забавата, па заборавила дека е на работа. По завршетокот на работното време наместо да се врати во кабина или во деловите од бродот наменети за екипаж, таа си останала во барот каде што работела и продолжила да се журка со гостите, како да е една од нив.

Следното утро не се појавила на работа, а не била ниту во својата кабина. Обезбедувањето ја немало регистрирано дека е на копно што значело само едно, таа е во кабина на патник.

По краток преглед на камерите, кои ги има на секој агол, ја нашле како влегува со гостин во неговата кабина. Ја побараа на јавен разглас и ѝ дадоа еден час да си ги спакува куферите.

Ја сретнав целата расплакана во ходник со пасошот во рака, му објаснуваше на Staff Captain, задолжен за екипажот, дека било наивна грешка, не знаела дека не смее (секако дека знаела, бидејќи тоа често ни го повторуваат на брод, а и стои во правилникот кој секој вработен го добива), ветуваше дека нема да ѝ се повтори, но попусто, казната за тоа е губење на работно место.

И така, малата авантура на неа ѝ донесе отказ. Но, таа не е ниту прва, ниту последна која се сплеткала со гостин, едноставно е неискусна, па ја фатиле.

brodski-dnevnik-na-ivana-od-skopje-gostinka-izmamnichka-namerno-zavede-chlen-na-ekipazh-pa-go-prijavi-i-dobi-povolnosti-04.jpg

Флертот со гостинка скапо го плати

Фотограф од Колумбија си ги спакува куферите само по два месеца работа, и иако немаше афера, доволен беше флерт со погрешна гостинка.

Уште една приказна од бразилска сезона, а машките од екипажот ја обожуваат поради убавите и провокативни гостинки кои доаѓаат да се забавуваат на крстарењата, а тие забави често се интимни во нивните кабини. За еден фотограф од Колумбија таа забава, навидум само неопасен флерт, му донесе отказ, а и многу проблеми.

Но, да почнеме со ред. Гостинка од Бразил на свечената вечера се фотографирала со сите фотографи од машки род, а по сесијата им го дала нејзиниот број да ѝ ги пратат сликите, а тоа секако е строго забрането.

Колегите пријавуваат кај менаџерот, според сите правила и процедури, дека гостинка им понудила број и побарала гратис слики. Само Колумбиецот си молчи. По неколку дена таа го купува најскапиот пакет фотографии и продолжува да се фотографира секоја вечер по неколкупати.

brodski-dnevnik-na-ivana-od-skopje-gostinka-izmamnichka-namerno-zavede-chlen-na-ekipazh-pa-go-prijavi-i-dobi-povolnosti-05.jpg

Еден ден пред крајот на крстарењето, додека бродот беше само на навигација, а се слуша хаос и врева на рецепција. Таму беа сите менаџери, офицери, а на крај му се јавија и на мојот менаџер, задолжен за фото студио, со изјава: „Гостинка се жали дека била сексуално вознемирувана од фотограф“.

Според тоа што менаџерот ни го раскажа, таа ги покажала пораките кој тој ѝ ги праќал, во стилот, „ова ќе ти правам, она ќе ти правам, гола ќе те сликам“ и се жалела, иако таа сама му го има дадено бројот.

Гостинката бара оштета од бродот, во спротивно, се заканува со полиција. Секако, италијанска компанија не сака никакви проблеми со бразилската полиција, па решението беше отказ на фотографот и рефундација на сè што таа си купила од продавниците на брод.

А, дотичната гостинка, покрај фотографиите, си купувала брендирани чанти, парфеми и накит. За да се избегне проблем, ѝ ги вратија парите, а фотографот се врати назад во Колумбија без долар во џеб, бидејќи мораше да покрие дел од нејзините трошоци.

И згора на тоа, му стои во досие дека сексуално вознемирувал патничка, па не смее да работи ниту за друга бродска компанија. Скап флерт, нели?

После тоа долго се зборуваше за неговиот случај меѓу колегите, како тој наседнал на нејзината игра, дека таа намерно му го направила тоа бидејќи сакала да добие гратис работи. Но, таа пробала со повеќе фотографи, само тој се заплетка во нејзината мрежа и уште повеќе ја „умрсил“ работата.

brodski-dnevnik-na-ivana-od-skopje-gostinka-izmamnichka-namerno-zavede-chlen-na-ekipazh-pa-go-prijavi-i-dobi-povolnosti-06.jpg

Пиење со памет

Алкохолот е добар пријател на морнарите, а сите знаеме дека пиратите обожаваат рум, што значи море и пијалаци се добра комбинација, па и јас, често знаев да се напијам вотка пред сликање, за онака, да скршам мраз.

Но, за сè постои правила и граници, посебно во работењето на брод, па секое прекршување може да значи отказ, иако често знаат „да прогледаат низ прсти“.

Уште еден мој колега си ги спакува куферите и се врати дома во Хондурас бидејќи очигледно пивото му беше подраго од работата и платата.

brodski-dnevnik-na-ivana-od-skopje-gostinka-izmamnichka-namerno-zavede-chlen-na-ekipazh-pa-go-prijavi-i-dobi-povolnosti-07.jpg

Тој има доста дебело бродско портфолио, работел за повеќе компании и сменил повеќе работни позиции. Беше Медитеранска рута, со Палма де Мајорка од 13 до 24 часот на пристаниште.

Сите го обожаваме ова пристаниште што ни беше како полуслободен ден. Гостите до доцна беа надвор, а менаџерот го подели тимот, па секоја втора недела бев слободна.

Па така, колегата, иако беше на смена од 20 часот, се заборавил со пивата на плажа. Па, на влегување на брод им бил сомнителен на членовите од обезбедувањето, кои веднаш направиле алко-тест, кој покажал многу повеќе од дозволеното количество.

Му се јавиле веднаш на менаџерот, но тој му помогнал и му рекол дека ќе го прати во кабина и дека вечерва е слободен. Среќа што менаџерот беше супер.

Арно ама, овој не си ја научи лекцијата и следната недела истата приказна. Само овојпат, менаџерот не застана на негова страна, па следниот ден си го фати првиот лет за дома. 

brodski-dnevnik-na-ivana-od-skopje-gostinka-izmamnichka-namerno-zavede-chlen-na-ekipazh-pa-go-prijavi-i-dobi-povolnosti-08.jpg

Јасно дека е работата на брод значи брза и добра заработувачка, но само ако играш според нивните правила, мала грешка може скапо да те чини.

Иако постојат многу кои кршат правила, како - јас со кафематот кој не е дозволен и секогаш го кријам во кабина, други со алкохол или секс за една ноќ со некој од гостите, но секогаш треба да се знаат границите или барем како успешно да се сокрие.

brodski-dnevnik-na-ivana-od-skopje-gostinka-izmamnichka-namerno-zavede-chlen-na-ekipazh-pa-go-prijavi-i-dobi-povolnosti-09.jpg

Ивана од Скопје има работено на брод 8 години. Моментално живее во Бразил, а по пандемијата повторно ќе продолжи со работа. Во наредниот период таа за CRNOBELO.com ќе споделува лични искуства и приказни од работата на брод.

Сите статии од серијалот „Бродски дневник“ може да ги прочитате ТУКА

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови  и фотографии е казниво со закон.

И. Ј. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg