Во редакција го пронајдовме споменарот Сара Кеј: „Јас сум шеќер, ти си мед, заедно сме сладолед“, се сеќавате ли?

„Еден ден, кога годините ќе почнат да ви го крадат детството, тргнете едно негово делче во некое скриено катче и сочувајте го. Немојте да дозволите да падне во заборав, бидејќи тоа ќе остане ваше најголемо богатство.“, се сеќавате ли на воведот од албумот со сликички и споменар Сара Кеј?

vo-redakcija-go-pronajdovme-spomenarot-sara-kej-jas-sum-shekjer-ti-si-med-zaedno-sme-sladoled-se-sekjavate-li-1 (1).jpg

По извесен период работа од дома, се вративме во канцеларија и при реорганизација на материјалите наидовме и на вистинско богатство - албумот со сликички и споменар Сара Кеј. Се сеќавам една наша колешка го донесе од дома и нè стопи сите со емоции и носталгија, што нè преплави во истиот миг штом го видовме.

vo-redakcija-go-pronajdovme-spomenarot-sara-kej-jas-sum-shekjer-ti-si-med-zaedno-sme-sladoled-se-sekjavate-li-12.jpg

Сега, толку време подоцна, повторно кога наидов на него ме преплавија истите убави емоции. Секоја песничка од него ме потсетува на детство, насмевки, убави моменти, на љубов, на едноставен живот на детска наивност и безгрижност.

И згора на сè и сè уште сум воодушевена од мудроста што ја носат овие едноставни зборови.

Не можев, а да не споделам со вас... Верувам дека бурата од емоции ќе го преплави и вашето срце.

vo-redakcija-go-pronajdovme-spomenarot-sara-kej-jas-sum-shekjer-ti-si-med-zaedno-sme-sladoled-se-sekjavate-li-10.jpg

Сетете се само што пишува на почетокот од овој споменар и навистина не дозволувајте барем делче од детството да падне во заборав:

„Еден ден, кога годините ќе почнат да ви го крадат детството, тргнете едно негово делче во некое скриено катче и сочувајте го. Немојте да дозволите да падне во заборав, бидејќи тоа ќе остане ваше најголемо богатство.“

vo-redakcija-go-pronajdovme-spomenarot-sara-kej-jas-sum-shekjer-ti-si-med-zaedno-sme-sladoled-se-sekjavate-li-11.jpg

Дел од песничките во споменарот Сара Кеј:

Другарството е ѕвезда што небото го краси, треба да се чува – да не се изгаси.

Рака на пријателството можеш секому да дадеш, но срцето од градите само на саканите.

vo-redakcija-go-pronajdovme-spomenarot-sara-kej-jas-sum-shekjer-ti-si-med-zaedno-sme-sladoled-se-sekjavate-li-06.jpg

Јас сум шеќер, ти си мед, заедно сме сладолед.

Сè уште те сакам можеби е грешка, додека сум тажна, на друг му се смешкам.

Ти испраќам писмо од срце напишано, врати ми го брзо, од тебе потпишано.

vo-redakcija-go-pronajdovme-spomenarot-sara-kej-jas-sum-shekjer-ti-si-med-zaedno-sme-sladoled-se-sekjavate-li-05.jpg

 Моето срце не е колаче со шлаг, не го давам никому што не ми е драг.

Се заљубив, не знам што да правам сега, кога тој од мене се срами и бега.

Кога меѓу себе писам си пишуваат – тогаш сè е јасно, љубов си кажуваат.

vo-redakcija-go-pronajdovme-spomenarot-sara-kej-jas-sum-shekjer-ti-si-med-zaedno-sme-sladoled-se-sekjavate-li-04.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Сара Мејс за CRNOBELO лексикон: „Бев тешка бубалица, плачев кога ќе добиев 5 минус“ „Правев некој експеримент по хемија со памукчиња - ги потопував во разни видови ...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
За бабите што чуваат внуци, еден медал ќе ве молам! Ако вашето дете има баба која го сака подеднакво силно како и вие, тогаш вие сте...
Работи што ги правевме на фиксните телефони, а денешните деца не можат да ги сфатат Се сеќавате ли колку ни беше поедноставно детството? Немавме мобилни телефони со...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg