Серија што ја гледавме во детството – Се сеќавате ли на „Мајмунчето Алис“?

Ако сте растеле кон крајот на 80-тите и на почетокот на 90-тите речиси е невозможно да не ја помните серијата за деца што се емитуваше на македонската радио телевизија, а кај нас беше насловена „Мајмунчето Алис“.

serija-shto-ja-gledavme-vo-detstvoto-se-sekjavate-li-na-majmuncheto-alis-01.jpg

Серијата оригинално беше насловена Chimpmates (Пријатели на шимпанзото), а била снимена во далечната 1976-та година во Англија.

serija-shto-ja-gledavme-vo-detstvoto-se-sekjavate-li-na-majmuncheto-alis-02.JPG

Во серијата имавме можност да видиме какви згоди и незгоди може да нѐ снајдат кога дома како милениче имаме мајмун.

serija-shto-ja-gledavme-vo-detstvoto-se-sekjavate-li-na-majmuncheto-alis-04.JPG

Џуди и Џои Греам, заедно со нивниот пријател Џош Петерс имаа голема одговорност додека се обидуваа да се грижат за мајмунчето Алис, да ја скријат од луѓето на кои би им пречело во околината да има мајмун, но и да не дозволат таа да направи проблеми.

А Алис секогаш наоѓаше начин да им побегне и да предизвика вистински хаос.

Итра и непредвидлива, оваа мајмунка секогаш успеваше да нѐ насмее, но и да ги спаси децата од различните ситуации во кои се наоѓаа.

serija-shto-ja-gledavme-vo-detstvoto-se-sekjavate-li-na-majmuncheto-alis-03.JPG

Иако на YouTube не се достапни видеа од серијата преведена на македонски јазик, сепак може да ги погледнете видеата на англиски јазик, а веруваме дека уште насловната мелодија ќе ви се вратат спомени од детството.

Погледнете неколку епизоди од серијата во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
Седев сама на гинеколошка онкологија во Скопје и ми се плачеше „Тргнав утрово на скопската клиника, а нозете ми се враќаа назад. Не сакав никој...
„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg