„Кога сите ќе си легнат, јас почнувам да шетам низ куќата, ги гасам светлата по точен редослед и ако е сè чисто, си легнувам. Секоја вечер пред спиење го вадам и вишокот восок што тече од свеќите и секогаш го чистам стаклото од свеќниците, бидејќи чадот на свеќата ги поцрнува... знам, чудно е“ - вака Дејвид Бекам раскажува за своето опсесивно компусливно пореметување (OCD) во документарниот филм на „Нетфликс“ кој ќе има премиера во текот на 2023 година.