Го посвои на само 7 месеци, за да го заштити се разведе од Бред Пит – Анџелина Џоли гордо позира со синот Медокс

Анџелина во една прилика рече дека кога го видела како 3-месечно бебе не можела да го остави во сиропиталиштето во Камбоџа, а денес Медокс има 21 година и студира биохемија во Јужна Кореја. Актерката не можеше да ја скрие насмевката што нејзиното најстаро дете е дома и ја придружува на настан во Белата куќа.

go-posvoi-koga-imashe-samo-7-meseci-za-da-go-zashtiti-se-razvede-od-bred-pit-andjelina-djoli-gordo-pozira-so-sinot-medoks-01.jpg

Холивудската актерка Анџелина Џоли и нејзиниот син Медокс присуствуваа на вечера кај претседателот Џо Бајден во Белата куќа.

Актерката гордо прошета со својот најстар син (21), а не можеше да ја скрие насмевката на лицето затоа што нејзиното најголемо дете конечно е дома.

go-posvoi-koga-imashe-samo-7-meseci-za-da-go-zashtiti-se-razvede-od-bret-pit-andjelina-djoli-gordo-pozira-so-sinot-madoks-06.jpg

Анџелина и Медокс присуствуваа во Белата куќа по повод вечерата организирана за јужнокорејскиот претседател, кој допатува во САД во рамки на одбележувањето на 70-годишнината од воспоставувањето на соработката меѓу двете земји.

go-posvoi-koga-imashe-samo-7-meseci-za-da-go-zashtiti-se-razvede-od-bret-pit-andjelina-djoli-gordo-pozira-so-sinot-madoks-03.jpg

На фотографиите се гледа дека Анџелина е пресреќна затоа што најстариот син конечно е дома, откако во последните неколку години престојуваше во Јужна Кореја, каде студира на универзитетот во Јонсеи.

go-posvoi-koga-imashe-samo-7-meseci-za-da-go-zashtiti-se-razvede-od-bret-pit-andjelina-djoli-gordo-pozira-so-sinot-madoks-02.jpg

Инаку, познато е дека Анџелина и Бред Пит заедно имаат 6 деца, од кои 3 се биолошки, а 3 посвоени.

go-posvoi-koga-imashe-samo-7-meseci-za-da-go-zashtiti-se-razvede-od-bret-pit-andjelina-djoli-gordo-pozira-so-sinot-madoks-15.jpg

Анџелина го посвои Медокс уште пред да го запознае Бред Пит, а во продолжение неколку интересни факти за најстариот син на актерката што можеби не сте ги знаеле:

Медокс е роден во 2001-ва година во Камбоџа. Во тој период Анџелина сѐ уште беше во брак со нејзиниот втор сопруг Били Боб Тортон. На бебето му било дадено името Рат Вибол, но по посвојувањето, актерката му го промени името во Медокс Чиван Тронтон Џоли.

Во 2006-та година Бред Пит го посвои Медокс, по што тој доби уште едно презиме и денес се вика Медокс Џоли Пит.

go-posvoi-koga-imashe-samo-7-meseci-za-da-go-zashtiti-se-razvede-od-bret-pit-andjelina-djoli-gordo-pozira-so-sinot-madoks-12.jpg

Анџелина за првпат го видела Медокс кога имал само 3 месеци во сиропатилиште во Камбоџа. Таа откри дека во истиот миг знаела дека сака да го посвои:

„Не можам да објаснам и не верувам во божји пораки или суеверија. Но, јасно ми беше и знаев дека сакам да го посвојам“ – рече таа во една прилика.

go-posvoi-koga-imashe-samo-7-meseci-za-da-go-zashtiti-se-razvede-od-bret-pit-andjelina-djoli-gordo-pozira-so-sinot-madoks-14.jpg

Додека бил мал, Анџелина редовно го носела Медокс во Камбоџа, со цел тој подобро да ја запознае својата татковина и корени, а актерката дава големи донации за благодарност кон земјата од каде го посвоила своето прво дете.

go-posvoi-koga-imashe-samo-7-meseci-za-da-go-zashtiti-se-razvede-od-bret-pit-andjelina-djoli-gordo-pozira-so-sinot-madoks-16.jpg

Наводно, бракот на Анџелина и Бред се распаднал откако актерот имал расправија и физички го нападнал Медокс додека биле во приватен авион. По ова, актерката одлучила да поднесе документи за развод и да побара старателство над децата.

go-posvoi-koga-imashe-samo-7-meseci-za-da-go-zashtiti-se-razvede-od-bret-pit-andjelina-djoli-gordo-pozira-so-sinot-madoks-11.jpg

Во 2017-та година Медокс тргна по стапките на мајка му и беше продуцент на воената драма на Netflix, First They Killed My Father.

Филмот е заснован врз мемоарите на Лонг Унг, а го опишува животот во време на бруталниот режим на Камер Руж во Камбоџа. Анџелина беше режисер на филмот, а изјави дека чекала Медокс да порасне за да го направат заедно.

go-posvoi-koga-imashe-samo-7-meseci-za-da-go-zashtiti-se-razvede-od-bret-pit-andjelina-djoli-gordo-pozira-so-sinot-madoks-09.jpg

Медокс е мошне талентирано дете. Денес студира биохемија во Јужна Кореја, зборува 4 светски јазици, продуцент е на филм, а исто така пасија му се авионите и летањето. Анџелина откри дека заради неговиот интерес за летањето, кога тој бил мал, таа одлучила дека ќе почне да зема часови по летање, а истото го направил и тој кога бил доволно возрасен.

go-posvoi-koga-imashe-samo-7-meseci-za-da-go-zashtiti-se-razvede-od-bret-pit-andjelina-djoli-gordo-pozira-so-sinot-madoks-07.jpg

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Анџелина Џоли има нов дечко - 9 години помлад рапер Дали Анџелина Џоли навистина пронајде љубов после Бред Пит? Која карактеристика ...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
„Заради неа почна да се бања и да ги чисти забите со конец“: Бред Пит сака деца со девојка му Инес Според извор близок до Бред Пит, актерот, за кој долго се шпекулира дека не воде...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Славни личности кои добија вонбрачни деца во тајност (од афери) Додека да наполни 11 години, Лив Тајлер ни самата не знаела дека е ќерка на пеја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg