Гласини дека му бил дечко на Карл Лагерфелд, беа блиски сѐ до неговата смрт – Кој ќе ги наследи милионите на познатиот дизјанер?

„Тој сакаше да ме посвои, но процесот околу собирањето документи беше премногу тежок“ – тврди младиот модел Батсист Џиабикони за кого се смета дека ќе го наследи најголемиот дел од милионите на Карл Лагерфелд. Каква била нивната врска додека популарниот дизајнер беше жив?

glasini-deka-mu-bil-dechko-na-karl-lagerfeld-bea-bliski-s-do-negovata-smrt-koj-kje-gi-nasledi-milionite-na-poznatiot-dizjaner-01.jpg

Модниот дизајнер Карл Лагерфелд почина во февруари 2019-та година, на возраст од 85 години, по компликации настанати заради ракот на црниот дроб од кој боледуваше.

Поминаа 4 години од неговата смрт, а сѐ уште не се знае точно кој ќе ги наследи милионите што тој ги остави на својата сметка.

glasini-deka-mu-bil-dechko-na-karl-lagerfild-bea-bliski-s-do-negovata-smrt-koj-e-modelot-koj-na-33-godini-kje-gi-nasledi-milionite-na-poznatiot-dizajner-03.jpg

Првично се коментираше дека парите ќе одат на сметката на белата мачка Шупет, но сега BBC направи документарен филм насловен The Mysterious Mr Lagerfeld кој се осврнува на животот на генијалниот моден дизајнер, но и на тајните поврзани со поделбата на богатството вредно над 100 милиони евра.

Освен големата сума пари, Карл зад себе остави и повеќе имоти, како имотот во Биариц и вилата во околината на Париз, каде наводно никогаш не спиел.

Огромниот стан на Лагерфелд во Париз сѐ уште е затворен, а адвокатите во Париз и Монако 4 години водат преговори за тоа кому треба да му припадне богатството.

glasini-deka-mu-bil-dechko-na-karl-lagerfild-bea-bliski-s-do-negovata-smrt-koj-e-modelot-koj-na-33-godini-kje-gi-nasledi-milionite-na-poznatiot-dizajner-05.jpg

Се смета дека богатството и покрај сите шпекулации, најверојатно ќе го наследи 33-годишниот француски модел Батист Џиабикони.

Тој во документарниот филм потврди дека верува дека бил на врвот на листата наследници, па дури откри дека Лагерфелд во еден период сакал и да го посвои:

„Тој сакаше да ме посвои, но процесот околу собирањето документи беше премногу тежок, имаше премногу чекори што требаше да се направат“.

glasini-deka-mu-bil-dechko-na-karl-lagerfild-bea-bliski-s-do-negovata-smrt-koj-e-modelot-koj-na-33-godini-kje-gi-nasledi-milionite-na-poznatiot-dizajner-07.jpg

Џиабикони за време на животот му бил муза на Лагерфелд, а младиот модел вели дека нивниот однос наликувал на односот меѓу татко и син.

Тие двајца беа мошне блиски кон крајот на животот на дизајнерот, а многумина шпекулираа дека имале и интимна врска.

glasini-deka-mu-bil-dechko-na-karl-lagerfild-bea-bliski-s-do-negovata-smrt-koj-e-modelot-koj-na-33-godini-kje-gi-nasledi-milionite-na-poznatiot-dizajner-04.jpg

Веднаш по смртта на Лагерфелд, Џиабикони ги отфрли ваквите тврдења, па рече:

„Можам да ви гарантирам дека ако имав секс со Карл или ако имав романтична врска со него тоа ќе завршеше мошне брзо. И уште нешто: кој би ја именувал својата ку**а во тестаментот?

Ние имавме пријателство што траеше со години затоа што не се засноваше на каква било еротска или подвоена сексуална поврзаност.

Нашиот однос се засноваше на две работи, што ги држевме одвоени: работата, каде истражувавме многу работи во поглед на фотографиите, и нашата поврзаност како татко и син“.

glasini-deka-mu-bil-dechko-na-karl-lagerfild-bea-bliski-s-do-negovata-smrt-koj-e-modelot-koj-na-33-godini-kje-gi-nasledi-milionite-na-poznatiot-dizajner-08.jpg

Џиабикони и Лагерфелд се запознале во 2008-ма година, кога модниот дизајнер веднаш го забележал младиот модел и одлучил да го направи заштитно лице на Chanel.

glasini-deka-mu-bil-dechko-na-karl-lagerfild-bea-bliski-s-do-negovata-smrt-koj-e-modelot-koj-na-33-godini-kje-gi-nasledi-milionite-na-poznatiot-dizajner-09.jpg

Заради тоа што Лагерфелд му обезбеди брз развој на поле кариера, многумина шпекулираа дека младиот Батист му е дечко на дизајнерот и дека успеал да напредува благодарение на нивната интимна и сексуална врска.

glasini-deka-mu-bil-dechko-na-karl-lagerfild-bea-bliski-s-do-negovata-smrt-koj-e-modelot-koj-na-33-godini-kje-gi-nasledi-milionite-na-poznatiot-dizajner-06.jpg

Се верува дека Џиабикони на Лагерфелд му ја подарил снежно белата мачка Шупет, за која се веруваше дека може да стане еден од најбогатите миленици на светот.

glasini-deka-mu-bil-dechko-na-karl-lagerfild-bea-bliski-s-do-negovata-smrt-koj-e-modelot-koj-na-33-godini-kje-gi-nasledi-milionite-na-poznatiot-dizajner-10.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Славни личности кои ја пронашле сродната душа по 40-тата година Многумина би рекле дека Холивуд е познат по раскинувања и кратки бракови, но ови...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите? По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар...
Славни личности кои трагично го изгубија животот пред 30-тиот роденден Курт Кобејн имаше само 27 години кога си го одзеде животот поради проблемите со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg