Клои Кардашијан ја покажа раната од отстранувањето на туморот на лицето: „Ракот е смртоносен“
- Детали
- петок, 28 април 2023
Неколку месеци откако откри дека ѝ била направена итна операција за отстранување малиген тумор, Клои Кардашијан ја покажа и раната на лицето. На по малку вознемирувачката фотографија, се гледа дека операцијата била сериозна и засекот е долг четири сантиметри.
Во октомври минатата година, Клои Кардашијан откри дека ѝ бил отстранет малиген тумор од лицето.
Сега таа ја покажа и раната од операцијата.
Во новиот трејлер за третата сезона од ријалити шоуто The Kardashians, Клои открива дека операцијата била мошне сериозна.
На по малку вознемирувачката фотка, која накратко се појавува во трејлерот, се гледа дека засекот е долг дури четири сантиметри.
Иако отстранувањето на туморот било успешно, во трејлерот Клои истакнува:
„Меланомот е смртоносен. Ова беше многу посериозно отколку што предвидував“.
Целата ситуација имала лошо влијание и врз физичкото, и врз менталното здравје на Клои – покрај стравот од туморот, нејзината самодоверба се срушила поради големата лузна на лицето.
Една од нејзините пријателки, пак, вели дека Клои никогаш досега не била во толку лоша ментална состојба.
„Не спие и ослабе многу“.
Претходно Клои откри дека има предиспозиции за појава на рак на кожата. Првите проблеми се појавиле кога имала 19 години – тогаш ѝ била направена слична операција за отстранување малиген тумор од грбот.
Клои првпат прозборе за меланомот на лицето минатата година, откако ги загрижи фановите бидејќи се појавуваше во јавност со голем фластер на лицето.
Имено, таа забележала мал израсток на лицето кој не се повлекувал, по што направила биопсија. Набрзо потоа ѝ кажале дека ќе мора да прави итна операција бидејќи станува збор за малиген тумор.
Прочитајте повеќе: Клои Кардашијан имала итна операција за отстранување малиген тумор од лицето: „Наскоро ќе ви ја покажам лузната“
Во истиот трејлер, Кајли прозборе за пластичните операции и вели дека зажалила за нив.
„Не сакам ќерка ми да ги прави работите што ги правев јас. Посакувам да не допрев ништо“.
Исто така, Кајли зборува и за нереалните стандарди за убавина што ги поставуваат со сестрите, алудирајќи на филерите и сличните процедури.
„Треба да направиме посериозен разговор за стандардите за убавина што ги поставуваме“.
Ким, пак, почна да плаче, но не е позната точната причина, а потоа зборуваше и за Канје:
„Ја измисли најлудата приказна. Ние молчиме среде сите лаги за моите деца“.
Спирова С. | Црнобело