Никој не е совршен: Ќерката на Хајди Клум мачи мака со акните, а е меѓу најбараните млади модели
- Детали
- среда, 07 февруари 2024
Лени, ќерката на Хајди Клум, објави фотографија без шминка и покажа дека иако е врвен модел, сепак се бори со мозолчиња и има проблеми со кожата како повеќето девојки.
Лени Клум, ќерката на Хајди Клум, на Инстаграм Стори објави селфи без шминка и го покажа лицето кое ѝ е полно со мозолчиња и црвенило.
19-годишната манекенка, која е заштитно лице на Dior Beauty, повторно покажа дека има проблем со кожата, но тоа не ја спречува да биде еден од најангажираните млади модели во светот.
Маките на Лени траат со години, бидејќи таа и во минатото повремено знаеше да објави фотки на кои се гледа дека има мозолчиња по целото лице и на челото.
Таа и во 2021 објави фотка од своето лице, со порака: „Вака изгледа мојата кожа“.
Лени, која е еден од најбараните млади модели во светот, во интервју за People искрено зборуваше за проблемите со кои се соочува.
„Мислам дека луѓето веруваат дека не се убави или дека не изгледаат привлечно ако имаат акни. Имаше период кога не сакав да излезам од дома додека целосно не се повлечат, но сфатив дека не можам да живеам така.
Девојките во рекламите се со совршено мазно лице, но многу луѓе имаат акни, меѓу нив сум и јас и мислам дека тоа не е толку страшно“, кажа таа.
Младата девојка со своите објави сака да ги охрабри сите кои се срамат од својот изглед поради кожата на лицето, да бидат посигурни во себе и да имаат голема самодоверба.
И покрај проблематичната кожа, Лени често се фотографира со својата славна мајка за насловни страници на списанија, за реклами, а се појавува и на модни ревии.
А. Ј. | Црнобело