Бизарно: Ламар Одом, бившиот на Клои Кардашијан, купил кукла за возрасни со нејзиниот лик – јавноста го критикува
- Детали
- четврток, 21 ноември 2024
„Ламар има сериозен проблем, изгубен е“, гласи една од многуте критики упатени кон бившиот на Клои Кардашијан кој нарачал секс кукла која личи на неа.
Речиси девет години по разводот од Клои Кардашијан, Ламар Одом уште е опседнат со бившата сопруга.
Иако Клои избегнува да зборува за него, 45-годишниот кошаркар одвреме-навреме ја спомнува во интервјуа.
Последно, тој се огласи за вестите дека купил секс кукла направена според ликот на ријалити ѕвездата.
Ламар, кој беше во брак со Клои од 2009 до 2016 година, на почетокот од месецот бил во посета на фабрика за секс кукли и играчки, позната како RealDoll.
Во изјава за TMZ, неговата менаџерка откри дека навистина му се допаднале куклите и веднаш посакал да си купи.
Таа откри и дека нарачал кукла со „најголемите гради и задник“, како и со ликот на бившата Клои.
Според менаџерката, куклите достигнувале цена и до 20.000 долари, но кошаркарот добил попуст.
Тој веќе платил за куклата, а очекува да биде доставена во неговиот дом околу новогодишните празници.
Сега, во ново интервју, Ламар ги потврди бизарните вести, истакнувајќи дека ја купил куклата за неговото ментално здравје.
„Кога ќе помислите на прва, тоа е само кукла.
Но, кога ќе размислите од перспектива на менталното здравје и колку е тоа важно - секс кукла која личи на бившата сопруга е нешто добро за менталното здравје“, вели 45-годишниот кошаркар.
Тој и Клои се разделени скоро девет години, но во интервјуто Ламар вели дека сепак се во контакт.
„Не зборуваме, но ако ѝ напишам порака, знае да ми врати“.
Кошаркарот сепак призна дека купувањето на куклата е бизарно, но не се чувствувал виновно.
„Болно е, но мислам дека сите сме по малку чудни.
Од фабриката ќе ја направат да изгледа како неа. Мислам дека сакам да си направам харем“.
Уште кога одекна веста дека Ламар ја нарачал куклата, јавноста почна да го критикува:
„Не сум видела нешто почудно и поморничаво“.
„Ламар има сериозен проблем, изгубен е“.
„Се сеќавате ли кога купувањето секс кукла беше срамно и никој не кажуваше дека купил?“
„Сигурно повторно се дрогира“.
За потсетување, Клои и Ламар се венчаа во 2009 година, но во 2013-та Клои поднесе барање за развод поради бројните неверства на кошаркарот и неговиот сериозен проблем со зависност од дрога.
Пред да го финализираат разводот, Ламар се предозира во хотелска соба, по што Клои одлучи да почека со бракоразводната постапка.
Конечно, во 2016-та, парот и официјално се разведе.
Денес Клои ретко зборува за бракот со Ламар.
Кошаркарот, пак, ги спомнува неговите пропусти во бракот, а во една пригода изјави и дека се надева дека некогаш ќе добие уште една шанса со неа.
Прочитајте и: Ламар Одом откри детали за бурниот брак со Клои Кардашијан: „Љубовницата ѝ се јави да ѝ каже дека се предозирав“
Спирова С. | Црнобело