Клои Кардашијан имала итна операција за отстранување малиген тумор од лицето: „Наскоро ќе ви ја покажам лузната“

Откако неколкупати беше забележана со фластер на лицето и предизвика низа шпекулации, Клои Кардашијан откри дека неодамна ѝ отстраниле малиген тумор од лицето. Ова не е првпат ријалити ѕвездата да има вакви проблеми со кожата, а го споделува искуството за да ги натера сите почесто да одат на преглед.

kloi-kardashijan-imala-itna-operacija-za-otstranuvanje-maligen-tumor-od-liceto-naskoro-kje-vi-ja-pokazham-luznata-01.jpg

Во 2016-та, Клои Кардашијан откри дека во тинејџерските години имала малиген тумор на нејзиниот грб, по што ѝ направиле операција за отстранување.

Сега ријалити ѕвездата сподели дека била во иста ситуација – ѝ направиле итна операција за да ѝ отстранат тумор од лицето.

Клои го сподели искуството со неколку објави на Инстаграм Стори, откако неколкупати беше фотографирана со фластер на лицето и почнаа да се шират секакви шпекулации за нејзиното здравје.

kloi-kardashijan-imala-itna-operacija-za-otstranuvanje-maligen-tumor-od-liceto-naskoro-kje-vi-ja-pokazham-luznata-05.jpg

kloi-kardashijan-imala-itna-operacija-za-otstranuvanje-maligen-tumor-od-liceto-naskoro-kje-vi-ja-pokazham-luznata-07.jpg

„Видов бројни објави на Стори за фластерот на моето лице и некои од вас се прашуваат зошто го носам изминативе неколку недели“, пишува Клои во првата објава.

kloi-kardashijan-imala-itna-operacija-za-otstranuvanje-maligen-tumor-od-liceto-naskoro-kje-vi-ja-pokazham-luznata-03.jpg

„Откако забележав мала испакнатина на моето лице и претпоставив дека е нешто мало како мозолче, решив да направам биопсија откако сфатив дека седум месеци не се повлекува“, стои во втората објава проследена со фотка од нејзиното лице.

kloi-kardashijan-imala-itna-operacija-za-otstranuvanje-maligen-tumor-od-liceto-naskoro-kje-vi-ja-pokazham-luznata-04.jpg

„Дерматологот доктор Тес Маурисио го испита, а беше направена и втора биопсија од доктор Даниел Берузан бидејќи двајцата забележаа нешто што е ретко за некој на моја возраст.

Неколку дена подоцна ми кажаа дека ќе мора да ми направат итна операција за да ми го отстранат туморот од лицето“, вели Клои која додава дека веднаш се консултирала со еден од најдобрите хирурзи во Беверли Хилс.

„Благодарна сум што можам да ви кажам дека лекарот успеа да отстрани сè – сите резултати се добри и сега сум во процес на закрепнување. Па, тоа е тоа… Ќе продолжите да ме гледате со фластер и, кога ќе имам дозвола, веројатно ќе ја видите и лузната“.

kloi-kardashijan-imala-itna-operacija-za-otstranuvanje-maligen-tumor-od-liceto-naskoro-kje-vi-ja-pokazham-luznata-02.jpg

Клои пробува да го извлече најдоброто од ситуацијата, па и се пошегува дека прави фластерот да изгледа навистина модерно.

kloi-kardashijan-imala-itna-operacija-za-otstranuvanje-maligen-tumor-od-liceto-naskoro-kje-vi-ja-pokazham-luznata-08.jpg

На крај, таа им порача на фановите да водат грижа за лицето, споделувајќи го сличното искуство од пред неколку години.

„Ја споделувам оваа приказна со вас за да ве потсетам сите да одите на преглед, и тоа често. На 19 години имав меланом на грбот и исто така ми направија операција за отстранување. Па, склона сум кон меланоми.

Дури и оние кои не се, треба да се проверуваат цело време. Јас сум личност која секој ден носи крем со заштитен фактор, што значи никој не е имун на овие работи.

Ве молам сфатете го ова сериозно и редовно прегледувајте се сами и на лекар“.

kloi-kardashijan-imala-itna-operacija-za-otstranuvanje-maligen-tumor-od-liceto-naskoro-kje-vi-ja-pokazham-luznata-06.jpg

Клои првпат прозборе за туморот што ѝ го отстраниле на 19-годишна возраст во 2016-та.

„Имав израсток на грбот што беше рак на кожата. Ми отстранија 20 сантиметри кожа. Дефинитивно беше болно бидејќи стануваше збор за многу кожа, но повеќето отстранувања не беа толку лоши.

Пред неколку години забележав бенка под моите гради. Веднаш пребарав онлајн и сфатив дека ако бенката расте и ја менува формата, треба да одите на лекар – па отидов. Ја извадија целата бенка и направија биопсија. За среќа, беше бенигна.

Неколкупати сум минувала низ овој процес и благодарна сум што повеќето израстоци не биле канцерогени. Сега сум особено внимателна со мојата кожа, телото и бенките и израстоците“.

kloi-kardashijan-imala-itna-operacija-za-otstranuvanje-maligen-tumor-od-liceto-naskoro-kje-vi-ja-pokazham-luznata09.jpg

Клои уште тогаш им порача на фановите на водат грижа за нивната кожа:

„Со години сум немала проблем, но сакав да го споделам моето искуство со вас за во случај да забележите нешто што не ви изгледа во ред, да преземете нешто и да се погрижите за вашето здравје“.

kloi-kardashijan-imala-itna-operacija-za-otstranuvanje-maligen-tumor-od-liceto-naskoro-kje-vi-ja-pokazham-luznata-10.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...
Славни личности кои трагично го изгубија животот пред 30-тиот роденден Курт Кобејн имаше само 27 години кога си го одзеде животот поради проблемите со ...
Никој не е совршен: Ќерката на Хајди Клум мачи мака со акните, а е меѓу најбараните млади модели Лени, ќерката на Хајди Клум, објави фотографија без шминка и покажа дека иако е ...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg