Кога си згодна и мислиш дека треба по танга да полниш гориво – која е манекенката што ги подзина сите? (фото)
- Детали
- понеделник, 01 мај 2023
„Сама си полнам гориво“ – напиша манекенката Џој Кориган до видеото што го објави на социјалните мрежи, а на кое позира во танга и градник на бензинска пумпа. Фотографиите од сесијата станаа хит на социјалните мрежи, а сите се сложни дека таа ја користи секоја прилика да го покаже извајаното тело.
Манекенката Џој Кориган ја користи секоја прилика за да го покаже извајаното тело, па така минатата недела објави видео на Инстаграм на кое се гледа како полни гориво во градник и танга.
Џој (28), која во минатото се најде на насловната страница на Sports Illustrated, на себе носи тренерки и чизми, но градите и извајаните стомачни мускули се во преден план во розовата танга и градник.
„Ако полниш гориво вака облечена, сигурно не ти наплаќаат“, „На која бензинска пумпа полниш гориво, да дојдам и јас“, „Нема потреба да носиш чанта кога си така облечена“ – стои во дел од коментарите до нејзиното видео.
Погледнете повеќе фотографии од Џој во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело