Првата сопруга на Принц: Ја посвои на 16 години, на 19 ѝ ја одзеде невиноста, смртта на синот им го уништи бракот
- Детали
- недела, 10 декември 2023
Кога првата сопруга на Принц имала 16 години, тој станал нејзин законски старател. Живеела кај него, но спиеле во посебни соби. Кога, пак, наполнила 19, почнала нивната сексуална врска...
Мејт Гарсија, првата сопруга на еден од најпознатите музичари на сите времиња, Принц, неодамна објави книга во којa откри детали поврзани со нивната скандалозна љубовна врска и бракот кој траеше 4 години.
Во книгата „The Most Beautiful: My Life with Prince“, таа пишува за разводот со ѕвездата, но и за сето она што им се случило претходно.
Шест 6 дена по раѓањето на нивниот син бебето починало, а Мејт доживеала спонтан абортус во третиот месец од бременоста со нивното второ дете.
Брзо откако си заминала, таа сакала да ја земе урната со пепелта од нивното бебе, но никогаш повеќе не успеала да стапи во контакт со Принц.
Подоцна дознала дека асистентот на Принц добил наредба да изгори сè од куќата што го потсетувало на починатото бебе и поранешната сопруга.
„Пријателка ми кажа дека слушнала загрижувачки вести – помошникот на Принц бил вознемирен затоа што добил наредба да запали сè – креветчето на Амир, неговите играчки, облеката, книгите...
Целото тело ми се преплави со бес. Бев во шок, тој ја запали последната работа што ме потсетуваше на мојот син“, пишува таа во книгата.
Не поминале ни 60 дена од моментот кога го напуштила сопругот, кога отишла кај адвокатот за да ги потпише документите за развод.
Во книгата Мејт објави бројни фотки со пејачот и раскажува и за многу убави спомени кои ги имала од времето поминато со него.
Се венчале на Денот на вљубените во 1996 година. Осум месеци подоцна, се родил нивниот син, Амир.
Таа во книгата опишува како Принц буквално врескал од среќа кога на 16-ти октомври го родила бебето.
Но, неговата среќа се сменила скоро веднаш, откако дознале дека момчето има ретко генетско нарушување кое предизвикува скелетни и системски абнормалности, прерано спојување на коските во черепот, спојување на коските во дланките и стапалата, или во некои случаи непостоење анален отвор, што укажува на абнормалности на цревата.
„Не знам како да го опишам изразот на лицето на мојот сопруг. Чиста среќа. А потоа почнаа да го чуваат бебето под оние силни светла и восхитот на лицето на Принц се претвори во вистински ужас“.
Амир починал само 6 дена подоцна, а таа со денови само лежела во креветот и плачела додека во прегратките ја држела пепелта од бебето.
„Не знам колку време лежев така, но еден ден тој дојде и ми рече дека не може веќе да биде тука и си замина од домот.
Деновите поминуваа многу тешко. Мислам дека никогаш не ја преболе неговата смрт. Знам дека јас не ја преболев“, стои во книгата.
Мемоарите на Гарсијас е издадени една година по смртта на Принц, кој беше пронајден мртов на неговиот имот во Пејсли Парк. Почина од предозирање со фентанил на 57 години.