„Ќе ја научиш ли ќерка ти да не биде како тебе?“ – Парис Хилтон критикувана затоа што ќе снима реално шоу со децата

„Ќе покажеш ли и колку дадилки имаш?“, „Како не ти е срам да се фалиш дека си добра мајка?“ – ја прашуваат твитерџиите Парис Хилтон, откако таа најави дека со нејзините две деца ќе снима реално шоу и ќе му покаже на целиот свет колку добра мајка е и дека сама менува пелени.

kje-gi-pokazhesh-li-dadilkite-paris-hilton-izjavi-deka-kje-pokazhe-kako-menuva-peleni-i-stana-meta-na-kritiki-01.jpg

Парис Хилтон ги изненади сите кога се пофали дека на Денот на благодарноста, таа и нејзиниот сопруг станаа родители на девојче добиено со сурогат мајка, на кое му го дадоа името Лондон.

kje-gi-pokazhesh-li-dadilkite-paris-hilton-izjavi-deka-kje-pokazhe-kako-menuva-peleni-i-stana-meta-na-kritiki-01_copy.jpg

Таа даде ексклузивно интервју за магазинот People, каде најави дека во втората сезона од нејзиното реално шоу Paris in Love ќе покаже дека е вистински добра мајка.

„Превозбудена сум што ќе ги прославиме првите заеднички празници заедно. Денот на благодарноста беше прекрасен затоа што ги изненадивме сите со Лондон, а Феникс за првпат ја виде новогодишната елка.

Волшебно беше чувството кога видов како му светкаа очињата. Не можам да дочекам да го поминеме нашиот прв Божиќ заедно како семејство“ – рече Парис.

kje-gi-pokazhesh-li-dadilkite-paris-hilton-izjavi-deka-kje-pokazhe-kako-menuva-peleni-i-stana-meta-na-kritiki-04.jpg

Богатата наследничка вели дека празниците секогаш ѝ биле мошне важни, а дека сега се чувствува уште посреќна затоа што конечно има свое семејство со кое ќе ги помине.

Во однос на новото реално шоу, Парис најави што може да очекуваат нејзините обожаватели:

„Многу сум возбудена што моите обожаватели ќе ја видат оваа нова етапа од мојот живот, каква сум како сопруга и мајка.

Ќе имате можност да го видите мојот секојдневен живот и да сфатите дека јас сум забавна мајка, која има многу љубов во себе и работи напорно“ – вели таа и додава дека публиката ќе може да види дека и таа се чувствува виновна понекогаш затоа што не е доволно добра мајка, но и да види како менува пелена.

kje-gi-pokazhesh-li-dadilkite-paris-hilton-izjavi-deka-kje-pokazhe-kako-menuva-peleni-i-stana-meta-na-kritiki-07.jpg

Интервјуто масовно се споделува на социјалните мрежи, а твитерџиите побрзаа да ја прашаат:

„Ќе ги покажеш ли и дадилките што се грижат за твоите деца?“;

„Се надевам дека ќе ја научи ќерка ѝ да не биде како неа“;

„Направи сѐ и сешто и сега е среќна мајка“;

„Како може да се фали дека е добра мајка? Нели сите знаеме дека е зависничка од опојни супстанци?“ – стои во дел од коментарите на Твитер.

kje-gi-pokazhesh-li-dadilkite-paris-hilton-izjavi-deka-kje-pokazhe-kako-menuva-peleni-i-stana-meta-na-kritiki-02.jpg

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Парис Хилтон сподели први фотки од 5-месечната ќерка Лондон: „Го ценам секој миг со неа“ „Сонував да имам ќерка која ќе се вика Лондон уште откако знам за себе“ – Парис ...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Никој не е совршен: Ќерката на Хајди Клум мачи мака со акните, а е меѓу најбараните млади модели Лени, ќерката на Хајди Клум, објави фотографија без шминка и покажа дека иако е ...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg