Доџа Кет речиси топлес, Ким Кардашијан како морска сирена – Највпечатливите модни изданија на TIME 100 галата

Ким Кардашијан, Доџа Кет, Дру Баримор, Салма Хајек... Ова се само дел од познатите лица што продифилираа на црвениот тепих на овогодишната Time 100 гала вечер во Њујорк. Погледнете ги највпечатливите модни изданија на настанот каде се собраа највлијателните луѓе за годинава според магазинот TIME.

dodja-ket-rechisi-toples-kim-kardashijan-kako-morska-sirena-najvpechatlivite-modni-izdanija-na-time-100-gala-01.jpg

Синоќа (27.04) во Њујорк се одржа настанот Time 100 Gala, настан на којшто се собираат највлијателните луѓе во светот за годинава, според магазинот TIME.

Во поглед на стајлингот и изгледот, може да се каже дека Ким Кардашијан и овојпат успеа во целост да го сврти вниманието кон себеси.

Таа се појави со бел свилен фустан што совршено ги покажа сите нејзини атрибути. Изгледот го надополни со дијамантски накит и чанта со специфичен дизајн.

Ким одржа говор на самитот TIME 100, каде рече дека е подготвена во целост да се откаже од славата за да стане адвокат.

„Секогаш се шегувам со мајка ми и со мојот менаџер и им велам: ‘Ким Кардашијан се пензионира и ќе бидам адвокат, па подобро е да одиш и да им помогнеш на моите сестри’.

Ќе бидам среќна кога би работела како адвокат, со или без камери“ – рече ријалити ѕвездата, која благодарение на успехот на нејзиниот моден бренд SKIMS во 2021-ва година се запиша на листата на милијардери.

dodja-ket-rechisi-toples-kim-kardashijan-kako-morska-sirena-najvpechatlivite-modni-izdanija-na-time-100-gala-02.jpg

Освен Ким, на црвениот тепих продефилираа и голем број други познати личности, како Салма Хајек, Дру Баримор, Џенифер Кулиџ, Остин Батлер и Каја Гербер, но меѓу оние што оставија посебен впечаток е и раперката Доџа Кет која се појави на настанот во смела тоалета на Valentino со проѕирен топ, со што наликуваше како да е во речиси топлес издание.

Погледнете повеќе фотографии во продолжение:

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ким Кардашијан е во тајна врска со познат рагбист, се кријат поради Канје Ким Кардашијан повеќе од половина година е во врска со 12 години помлад рагбист,...
Ким Кардашијан го претвори домот во снежна шума, додека ќерка ѝ моли да живее со Канје (фото) Додека во јавноста се шпекулира дека Ким и Канје можеби ќе ги променат правилата...
Мајка си е мајка: Ким Кардашијан направи снежна шума во домот за да ја израдува ќерката која тагува ... Само еден месец откако кажа дека ќерка ѝ Норт се жалеше заради тоа што живее со ...
Ако носат телефон, следува отказ - Бизарните правила на Ким Кардашијан за дадилките Штом почнат да работат за неа добиваат два прирачници: еден за облекување и еден...
Морничавата опсесија на Ким Кардашијан – купува облека и накит од починати славни личности Шешир на Мајкл Џексон, часовник на Џеки Кенеди, накит на Елизабет Тејлор – Ким К...
Ќерката на Ким и Канје се гушка со маќеата, додека мама очајно бара помош да се справи со децата Најстарата ќерка на Ким и Канје, Норт, очигледно се поврзува со девојката на тат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg