Морничавата опсесија на Ким Кардашијан – купува облека и накит од починати славни личности

Шешир на Мајкл Џексон, часовник на Џеки Кенеди, накит на Елизабет Тејлор – Ким Кардашијан е опседната со купување облека и накит кои им припаѓале на ѕвезди кои се починати.

mornichavata-opsesija-na-kim-kardashijan-kupuva-obleka-i-nakit-od-pochinati-slavni-lichnosti-01.jpg

Неодамна, Ким Кардашијан по којзнае кој пат предизвика лавина негативни реакции, откако на настан се појави со ланче кое ѝ припаѓаше на принцезата Дијана.

Ланчето има огромен медалјон во форма на крст, додека на синџирчето има бисери.

Она што не ѝ се допадна на јавноста е како Ким го комбинирала скапоцениот накит.

На гала свеченост, таа носеше фустан со длабоко деколте, а крстот ѝ беше сместен меѓу грдите.

mornichavata-opsesija-na-kim-kardashijan-kupuva-obleka-i-nakit-od-pochinati-slavni-lichnosti-02.JPG

Многумина го опишаа изгледот како вулгарен, невкусен и непочитување кон покојната принцеза Дијана.

Ким го купила ланчето во 2023-та, на аукција, за околу 200.000 долари.

mornichavata-opsesija-na-kim-kardashijan-kupuva-obleka-i-nakit-od-pochinati-slavni-lichnosti-03.JPG

А, ова не е првпат Ким да купи накит или парче облека што припаѓало на ѕвезда која е мртва.

Дури и самата има изјавено дека била опседната со аукции и сакала да поседува накит и облека кои оставиле белег во забавната индустрија.

Па, што сè има купено (или позајмено) Ким, како дел од своето морничаво хоби?

Фустанот на Мерилин Монро

Ким само го позајми легендарниот фустан на Мерилин Монро и тој уште се наоѓа во музејот на Ripley’s Believe It or Not, но вреди да се спомне.

Ким го носеше фустанот на Мет галата во 2022 година, а откри дека ослабела околу осум килограми за да може да го облече.

mornichavata-opsesija-na-kim-kardashijan-kupuva-obleka-i-nakit-od-pochinati-slavni-lichnosti-04.JPG

Јавноста негодуваше за тоа што ријалити ѕвездата добила дозвола да носи фустан кој има големо значење и музејска вредност за модниот свет во САД.

mornichavata-opsesija-na-kim-kardashijan-kupuva-obleka-i-nakit-od-pochinati-slavni-lichnosti-05.JPG

Јакна на Мајкл Џексон

Во 2019 година, Ким откри дека на ќерка ѝ Норт, за Божиќ ѝ купила јакна која ја носел Мајкл Џексон.

Ја купила на аукција, по цена од 65.000 долари.

„Ѝ ја подарив јакната што Мајкл ја носеше со Елизабет Тејлор.

Норт е огромен фан на Мајкл Џексон. Многу е возбудена и благодарна за подарокот“.

mornichavata-opsesija-na-kim-kardashijan-kupuva-obleka-i-nakit-od-pochinati-slavni-lichnosti-8.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ким Кардашијан е во тајна врска со познат рагбист, се кријат поради Канје Ким Кардашијан повеќе од половина година е во врска со 12 години помлад рагбист,...
Аријана Гранде како замотана во јорган – Најдобро и најлошо облечени ѕвезди на Оскари 2024 (фото) Марго Роби ги замени розовите „Барби“ тоалети за црн провокативен фустан, а Ариј...
Познати личности од раните 2000-ти кои заборавивме дека постојат Се сеќавате на Тејлор Лотнер кој го глумеше Џејкоб во серијалот Twilight? Се ...
Баба им недозволено им ги трошела милионите од татко им – Трите деца на Мајкл Џексон заедно на црвен...  Биги, најмалиот син на кралот на поп-музиката Мајкл Џексон, се појави во Л...
Џастин Бибер е мизерен со Хејли додека го очекуваат првото дете: „Очаен е, му ги троши парите и го к... „Хејли троши многу пари. Постојано патува со приватни авиони. Еднаш дури и отиде...
Викторија Бекам – елка без лампиони: Како украсија славните за празниците? (фото) Кортни Кардашијан има елка свртена наопаку, додека сестра ѝ Ким се пофали со огр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg