„Што му се случи за 3 години?“ – Италијанскиот заводник Дамијано Давид ослабен и пропаднат ги загрижи фановите
- Детали
- понеделник, 01 мај 2023
Дамијано Давид, пејачот на групата „Maneskin“, важи за голем заводник и миленик на женската публика ширум Европа. Но, италијанскиот музичар ги загрижи фановите откако на Инстаграм објави неколку фотки на кои е ослабен, со кратко потстрижена коса и без шминка.
Неколку фотографии од Дамијано Давид, пејачот на италијанскиот рок-бенд „Maneskin“ се споделуваат на социјалните мрежи, со коментар дека некогашниот заводник веќе не личи на себе и многу е пропаднат.
Неговиот изглед ги загрижи фановите.
„Што му се случи на човеков за само три години? Не можам да поверувам“ – напиша корисничка на Твитер.
?Šta se dogodilo sa ovim likom u roku od tri godine preneražena sam pic.twitter.com/gIN4pbpDac
-->-->— Cerebry (@UbiMePrejakaRec) April 13, 2023
Оваа објава покрена голема дебата за изгледот на Дамијано, а дел од коментарите гласат:
„Се запишал на Медицински факултет, вака изгледа после една година испитни сесии“.
„Не се шминка веќе“.
„Сега има 45 години...“.
„Се породи, го дои бебето, не спие... нема време човекот да се шминка“.
„После короната нема тезги, па растовара вреќи од 7 до 16, а ноќе вози такси“.
„Maneskin“, кој беше популарен рок-бенд во Италија, стекна светска слава по победата на Евровизија во 2020 година, со песната „Zitti e buoni“.
По ова бендот имаше многу настапи низ Европа. Последниве неколку месеци тие се на турнеја низ Америка.
Прочитајте и Секси или бизарно: Maneskin покажаа како изгледа кога мажите носат подвезици (фото)
А. Ј. | Црнобело