Секси или бизарно: Maneskin покажаа како изгледа кога мажите носат подвезици (фото)
- Детали
- вторник, 22 ноември 2022
„Не треба да нè заведувате, веќе сме вљубени во вас“ – велат обожавателките на Maneskin по нивниот настап на Американските музички награди, каде се појавија во панталони со подвезици изработени од штоф. Како изгледаат според вас: секси или бизарно?
Дури и кога носи пантолони со подвезици, Дамијано Давид од Maneskin е неодолив за женската публика.
Ова може да се заклучи од лавината позитивни коментари на социјалните мрежи што следеа откако Maneskin објавија фотографии од нивниот изглед за време на настапот на Американските музички награди (АМА).
Maneskin присуствуваа на доделувањето на Американските музички награди каде ја добија наградата за најдобра рок песна за синглот Beggin, а публиката веќе е навикната на нивниот неконвенционален и ексцентричен стил на облекување.
Сепак Дамијано Давид и останатите членови и овојпат успеаја да ја изненадат публиката така што се појавија во костуми со пантолони кои имаа подвезици направени од штоф.
https://twitter.com/AMAs/status/1594542991351259141
Освен што прошетаа на црвениот тепих во овој необичен аутфит и настапија во него, членовите на италијанскиот рок бенд ја искористија можноста да споделат и неколку нивни фотографии на социјалните мрежи до кои напишаа:
„Не се обидуваме да ве заведеме“.
Сепак, обожавателките веднаш побрзаа да коментираат дека веќе се вљубени во музичарите што ја освоија европската и светската јавност по нивната победа на Евровизија во 2021-ва година.
Погледнете уште неколку фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело