Танцува и кришум го снима татко му - Како изгледа 15-годишниот син на Рики Мартин?
- Детали
- среда, 20 март 2024
Се шират гласини дека мајката на близнаците на Рики Мартин е венецуелска актерка и модел, а момчињата веќе се пораснати и едниот од нив има свој профил на ТикТок каде редовно објавува видеа на кои танцува.
Кралот на латино музиката Рики Мартин (52) има 4 деца - два сина кои ги доби од сурогат мајка и син и ќерка од бракот со Џуан Џозеф.
Во 2008-ма година тој ги доби близнаците Матео и Валентино од сурогат мајка, а тие двајца често го придружуваа на црвениот тепих и позираа со него.
Денес момчињата имаат веќе 15 години, а јасно е дека сакаат да тргнат по неговите стапки и да изградат сопствена кариера.
Ова особено важи за Валентино, кој има свој профил на ТикТок, каде редовно објавува видеа на кои танцува.
@tilectricno I wanna see you guys do it.
♬ Floss - Nite Gamic
Со густи веѓи и подраснати мустаќи, Валентино веќе не e слаткото детенце кое некогаш позираше со татко му.
Освен видеата во кои танцува, тој сподели и видео во кое кришум го снима татко му како ја наводнува тревата во дворот, а во еден миг се слуша како му вика:
„Тато“ – на што познатиот пејач се врти и му мавта.
@tilectricno Well this is new 🤨
-->♬ original sound - Valentino Martin
Освен Рики, во некои од видеата можеме да го видиме и другиот брат близнак на Валентино, Матео.
Инаку, никој не знае точно која е мајката на близнаците на Рики Мартин, но дел од колумбиските медиуми пишуваат дека тоа би можело да биде венецуелската актерка и модел Еглантина Зинг, која е добра пријателка на пејачот.
Прочитајте и Девојките на Рики Мартин пред да признае дека сака мажи – со една бил 10 години и сакал заедничко дете
Б. С. Б. | Црнобело