Девојките на Рики Мартин пред да признае дека сака мажи – со една бил 10 години и сакал заедничко дете
- Детали
- недела, 02 октомври 2022
Со една од нив бил заедно околу 10 години и размислувал за брак и за дете, со другите имал кратки врски, а некои и јавно говореле дека е „100 отсто маж и дека гласините за хомосексуалност се лажни“. Кои се девојките со кои Рики Мартин беше во врска пред отворено да ја признае својата сексуална определба?
Рики Мартин јавно призна дека е хомосексуалец во 2010-тата година и веќе сите знаат дека е во брак со неговиот партнер Џуан Јосеф со кого има 4 деца, а малкумина се сеќаваат дека пред јавно да ја признае својата сексуална определба тој во јавност постојано се појавуваше со девојки.
„Сексуалноста е мошне комплексна работа. Не е сè црно и бело. Таа е исполнета со бои. Кога се состанував со жени, ги сакав жените. Чувствував дека тоа е во ред, дека е прекрасно. Не можете да глумите дека има хемија – а со сите нив имаше хемија. Не давав лажни надежи никому“ – изјави тој во една прилика.
Иако пред тоа често се шпекулираше дека Рики Мaртин е хомосексуалец, пејачот одбиваше да признае дека гласините се точни, па дури во 2000-та година кога за време на интервју Барбара Валтерс отворено го праша за неговата сексуална определба тој одби да го направи тоа.
Подоцна велеше дека би било прекрасно кога тогаш би имал храброст да ја изнесе вистината на виделина.
Во продолжение да погледнеме кои беа девојките со кои Рики Мaртин беше во врска пред јавно да признае дека е хомосексуалец.
Габриела Сабатини (1992)
Во далечната 1992-ра година Рики околу 5 месеци беше во врска со аргентинската тенисерка Габриела Сабатини. Таа во една прилика рече дека тоа била една од најлудите врски во нејзиниот живот.
Ребека де Алба (1994 до 2005)
Со неа бил во врска околу 10 години, а многумина тврдат дека пејачот дури сакал со неа да се ожени. Ребека е аргентинска ТВ презентерка, а нивната врска во тоа време привлекувала внимание затоа што таа била 6 години повозрасна од него.
Во една прилика дури откри дека тие двајца се обидувале заедно да имаат дете, но не успеале.
Како и да е, откако Рики призна дека е хомосексуалец, Ребека рече дека никогаш не забележала дека неговата хомосексуалност им пречи во врската, а се разделиле затоа што не можеле да ја поднесат преголемата оддалеченост и затоа што имале различни планови за иднината.
Лили Мелгар (1994)
Рики Мартин и Лили Мелгар имале кратка врска во 1994-та година во периодот кога тие двајца заедно играле во серијата General Hospital.
По врската тие двајца останале добри пријатели, а во 2017-та година таа беше режисерка на два негови видео спота.
Адриана Биега (1998 - 1999)
Рики Мартин и манекенката Адриана Биега беа во врска околу една година.
Интересно е што Адриана освен со Рики, била во врска и со Енрике Иглесијас, но не во исто време.
Маитал Сабан (2000)
Со Маитал Сабан Рики беше во врска околу 4 месеци.
Инес Мисан (2000 – 2002)
Во периодот кога шпекулациите за неговата хомосексуалност беа најгласни, пејачот беше во врска со манекенката Инес Мисан.
Таа дури излезе во медиумите и јавно рече дека „на скала од 1 до 10, ќе му даде оценка 20 и дека тој е во целост маж“.
„Гласините воопшто не се вистина. Звучат како шега. Посакувам сите мажи да беа такви хомосексуалци“ рече Инес.
Алесандра Амбросио (2004)
Меѓу девојките за кои се шпекулираше дека биле во врска со Рики Мартин е и бразилската убавица Алесандра Амбросио.
Б. С. Б. | Црнобело