Рики Мартин со сопругот на оскаровската ноќ + сеќавање на девојката со која за малку ќе се оженел (фото)

Денес Рики Мартин отворено говори за хомосексуалноста и љубовта кон својот сопруг Џуан, но во едно неодамнешно интервју се потсети на поранешната девојка Ребека, со која дури размислувал да стапи во брак.

riki-martin-so-soprugot-na-oskarovskata-nokj-sekjavanje-na-devojkata-so-koja-za-malku-kje-se-ozenel-01-01.jpg

Рики Мартин и Џуан Јосеф блескаа на оскаровската ноќ. Тие се појавија на забавата на магазинот „Vanity Fair“ и на забавата организирана од пејачот Елтон Џон, која има за цел собирање на средства за борбата против сидата.

46-годишниот пејач и неговиот сопруг се одлучија за елегантни темни костими.

Својот брак го објавија во јануари и оттогаш изгледаат среќно и вљубено на секое заедничко јавно појавување.

View this post on Instagram
 

Company don’t get any better ❤️ #eltonjohnsoscarparty

A post shared by Jwan Yosef (@jwanyosef) on

Инаку, Рики Мартин 14 години бил во врска со мексиканската водителка и модел Ребека де Алба, но во 2010 година објави дека е хомосексуалец и откри дека јавното изјаснување го ослободило од притисокот што го чувствувал.

Тој изјави дека Ребека во одреден миг знаела дека е хомосексуалец, но сепак ја продолжила врската со него.

riki-martin-so-soprugot-na-oskarovskata-nokj-sekjavanje-na-devojkata-so-koja-za-malku-kje-se-ozenel-02.jpg

За неа пејачот проговори во едно неодамнешно интервју. Откри дека Ребека е прекрасна и моќна жена и дури и размислувал да основа семејство со неа.

Сепак, одлучил дека светот мора да ја знае вистината и дека сака да живее онака како што му кажува срцето. За жал, тие денес не разговараат.

View this post on Instagram
 

#Canterarosa #zacatecas ❤️ #visitmexico??

A post shared by RebeccadeAlba (@dealbarebecca) on

Стајлингот на оскаровската ноќ на Рики Мартин и Џуан Јосеф:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Славни личности кои добија вонбрачни деца во тајност (од афери) Додека да наполни 11 години, Лив Тајлер ни самата не знаела дека е ќерка на пеја...
Кети Пери со рогови, Лорен Санчез ги покажа облините во фустан од кристали - Како Џеф Безос го просл... Како ќе се облечете ако имате можност да одите на роденденската забава на еден о...
„Не сакам да сум сопруга, туку девојка“: Шакира и уште 4 славни кои не сакаат да стапат во брак Шакира никогаш не била во брак, а Џејн Фонда смета дека сама може да направи пов...
Како изгледа денес актерот кој го глумеше Алан Харпер во „Два и пол мажи“? Ќелав, со брада, дотеран во елегантни одела - како изгледа денес актерот кој го ...
Сантиметрите не се важни за љубов - Славни жени кои се повисоки од своите партнери Зендеја, Камерон Дијаз, Никол Кидман - овие дами се доказ дека висината не е сек...
Славни парови кои спијат разделени (и тврдат дека тоа е тајната на нивниот среќен брак) Камерон Дијаз е меѓу првите славни личности кои изјавуваа дека тајната на среќни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg