Сантиметрите не се важни за љубов - Славни жени кои се повисоки од своите партнери

Зендеја, Камерон Дијаз, Никол Кидман - овие дами се доказ дека висината не е секогаш пресудна за да процвета љубовта, дури и кога жената е повисока од мажот.

santimetrite-ne-se-vazhni-za-ljubov-slavni-zheni-koi-se-povisoki-od-svoite-partneri-01.jpg

Том Круз е понизок од двете поранешни сопруги, и Никол Кидман и Кејти Холмс.

Но, Никол е повисока и од својот сегашен сопруг, Кит Урбан.

Кои други славни жени се повисоки од своите (сегашни или поранешни) партнери?

Зендеја и Том Холанд

Една од најпознатите млади ѕвезди, Зендеја, е висока 178cm, додека нејзиниот дечко, актерот Том Холанд има 5cm помалку.

Актерката освен што е повисока, често носи високи потпетици во друштво на Том, и се чини тоа не им пречи воопшто.

santimetrite-ne-se-vazhni-za-ljubov-slavni-zheni-koi-se-povisoki-od-svoite-partneri-03.jpg

Никол Киднан и Кит Урбан

Оскаровката е висока 180cm, додека нејзиниот сопруг, кантри пејачот Кит Урбан е висок 178cm.

Парот е долги години во брак и имаат две деца.

santimetrite-ne-se-vazhni-za-ljubov-slavni-zheni-koi-se-povisoki-od-svoite-partneri-02.jpg

Софи Тарнер и Џо Џонас

Ѕвездата на Game of Thrones има 175cm, a нејзиниот поранешен сопруг има 170cm.

Додека беа во брак, тие гордо позираа еден покрај друг, без оглед на висината.

santimetrite-ne-se-vazhni-za-ljubov-slavni-zheni-koi-se-povisoki-od-svoite-partneri-08.jpg

Камерон Дијаз и Бенџи Маден

Актерката има 175cm, додека нејзиниот сопруг, гитаристот Бенџи Маден е понизок цели 7cm.

Тоа не им пречи да се среќни заедно - во брак се од 2015 година и имаат две деца.

santimetrite-ne-se-vazhni-za-ljubov-slavni-zheni-koi-se-povisoki-od-svoite-partneri-06.jpg

Ерин Дрејк и Даниел Редклиф

Американската актерка е висока 170cm, а нејзиниот сопруг, популарниот Хари Потер, има само 175cm.

И покрај тоа парот е заедно од 2013 година и нивната љубов не се намалува.

santimetrite-ne-se-vazhni-za-ljubov-slavni-zheni-koi-se-povisoki-od-svoite-partneri-05.jpg

Трејси Полан и Мајкл Џ. Фокс

Актерката Трејси Полан има 167cm, а нејзиниот сопруг, Мајкл Џ. Фокс е понизок 5cm, односно има 162cm.

Нивната висина, како ни Паркинсоновата болест со која Мајкл живее со години, не се пречка за љубовта на овој пар.

santimetrite-ne-se-vazhni-za-ljubov-slavni-zheni-koi-se-povisoki-od-svoite-partneri-04.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Славни личности кои добија вонбрачни деца во тајност (од афери) Додека да наполни 11 години, Лив Тајлер ни самата не знаела дека е ќерка на пеја...
„Не сакам да сум сопруга, туку девојка“: Шакира и уште 4 славни кои не сакаат да стапат во брак Шакира никогаш не била во брак, а Џејн Фонда смета дека сама може да направи пов...
За 2 месеца ќе одлучи дали сака да го гледа татко ѝ – Сури Круз со мајка ѝ низ Њујорк, а Том Круз во... Два месеца пред да стане полнолетна, Сури Круз опуштено се шета со мајка ѝ низ Њ...
5 славни жени тврдат дека се посреќни кога се сингл: „Не ми треба маж кој ќе се однесува како дете“ „Решив веќе да не одам на љубовни состаноци, зашто долго време не чувствував иск...
„Ме остави за пејачка откако му родив дете“: Бившата на дечкото на Аријана Гранде емотивна за болнио... „Не мислев дека некогаш ќе се разведам. Особено не откако го родив моето прво де...
Остана без работа поради користењето дрога, не ѝ дозволувале да јаде: Тажни детали од животот на Кеј... По бурната врска со Џони Деп, за да го преболи, Кејт Мос се вплетка во љубовен т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg