Како изгледа денес актерот кој го глумеше Алан Харпер во „Два и пол мажи“?

Ќелав, со брада, дотеран во елегантни одела - како изгледа денес актерот кој го глумеше Алан Харпер, здодевниот брат без чувство за стил, кој живееше на сметка на Чарли? 

kako-izgleda-denes-akterot-koj-go-glumeshe-alan-harper-vo-dva-i-pol-mazhi-01.jpg

Ако сте фан на серијата „Два и пол мажи“, веројатно и ден-денес знаете да изгледате по некоја епизода и да се опуштите пред спиење.

Популарната серија се снимаше од 2003 до 2015, а на сите им се омилени епизодите додека во нив се појавуваше Чарли Шин.

kako-izgleda-denes-akterot-koj-go-glumeshe-alan-harper-vo-dva-i-pol-mazhi-05.jpg

Но, дури и по неговото напуштање на серијата, заради проблемите со дрогата и алкохолизмот, улогата на здодевниот брат, Алан Харпер, продолжи да ја глуми Џон Крајер.

Тој е единствениот лик кој се појавува во секоја епизода од „Два и пол мажи“, а за тоа бил добро платен - во последните сезони заработувал по 550.000 долари од епизода.

kako-izgleda-denes-akterot-koj-go-glumeshe-alan-harper-vo-dva-i-pol-mazhi-3.jpg

На сите ви е добро познат Алан, кој живееше на сметка на својот брат Чарли во серијата, но дали знаете како изгледа тој денес?

Сосема поразлично од оној лик што го познаваме – сега е без коса, со брада и очигледно со подобар стил отколку во серијата.

kako-izgleda-denes-akterot-koj-go-glumeshe-alan-harper-vo-dva-i-pol-mazhi-02.jpg

kako-izgleda-denes-akterot-koj-go-glumeshe-alan-harper-vo-dva-i-pol-mazhi-09.jpg

Тој почнал да ја губи косата уште додека ја снимал хит-серијата, но тоа го прикривале со разни спрејови, бои и перики.

Веќе неколку години наназад актерот негува нов имиџ, а на настаните секогаш е дотеран во одело, покрај својата сопруга.

kako-izgleda-denes-akterot-koj-go-glumeshe-alan-harper-vo-dva-i-pol-mazhi-03.jpg

Инаку, тој со сегашната сопруга ја има ќерката Дејзи, која ја посвоиле во 2009, а од претходниот брак го има синот Чарли Остин.

kako-izgleda-denes-akterot-koj-go-glumeshe-alan-harper-vo-dva-i-pol-mazhi-06.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Каде се денес актерите од серијата „The Sopranos“ - Тони Сопрано почина, ќерка му боледува од мултип... Американската серија The Sopranos првпат почна да се прикажува на 10 јануари 199...
Зависности, брак од 6 дена: Проклетството што ги следи актерите од „Сам дома“ Актерот што го глуми Баз, брат му на Кевин, беше обвинет за семејно насилство, н...
Двапати банкротирал, има трауми од повредата на половиот орган – Ал Пачино откри досега непознати де... Благодарение на мајка му успеал да ја избегне судбината на неговите најблиски др...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...
„Заради неа почна да се бања и да ги чисти забите со конец“: Бред Пит сака деца со девојка му Инес Според извор близок до Бред Пит, актерот, за кој долго се шпекулира дека не воде...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg