Самоубиство, секс снимка: Најскандалозните холивудски парови

Од поново време, ретко кој пар може да се спореди со Џони Деп и Амбер Херд, барем кога станува збор за скандали и токсично однесување.

samoubistvo-seks-snimka-najskandaloznite-holivudski-parovi-01.jpg

Дефинитивно сме навикнати на холивудските разводи и раскинувања, но некои разделби поминуваат навистина бурно.

Врската (или бракот) на некои познати парови била толку токсична и скандалозна, што на крај се чудиме како воопшто тие луѓе завршиле заедно.

Дел од најскандалозните славни парови:

Том Крус и Кејти Холмс

Том Круз и Кејти Холмс се разведоа уште во 2012 година, но јавноста до денес зборува за нивната врска.

Покрај возрасната разлика од 16 години, овде е скиентолошката црква на актерот која наводно е една од главните причини за нивната разделба.

Постојат шпекулации дека нивниот брак бил и донекаде договорен, односно Том ја избрал неа само затоа што му била потребна примерна сопруга.

Парот ја доби ќерката Сури која неодамна наполни 18 години и не сака никаков контакт со татко ѝ.

samoubistvo-seks-snimka-najskandaloznite-holivudski-parovi-02.jpg

Памела Андерсон и Томи Ли

Бракот на Памела и Томи Ли ќе остане запаметен по нивната секс снимка која беше украдена и заврши во јавност.

Нормално, тие воопшто не планирале некој друг да го изгледа видеото кое дефинитивно ја уништи репутацијата на актерката.

Покрај овој скандал, Томи Ли имаше проблеми со наркотици, а постојат гласини и дека бил насилен кон Памела.

Иако беа во брка само три години, нивната врска остана запаметена како една од најскандалозните.

samoubistvo-seks-snimka-najskandaloznite-holivudski-parovi-03.jpg

Кортни Лав и Курт Кобејн

Деструктивната врска на Кортни Лав и Курт Кобејн беше главна тема во медиумите.

По само четири месеци заедно, Кортни остана бремена и парот се венча набрзина.

Оттогаш проблемите со зависност на двајцата само се влошуваа, постоеја гласни за насилство и целиот хаос кулминира со самоубиството на Курт Кобејн во 1994 година.

До денес, дел од фановите на Nirvana се убедени дека Кортни е причината зошто Курт посегнал по својот живот.

samoubistvo-seks-snimka-najskandaloznite-holivudski-parovi-04.jpg

Ријана и Крис Браун

Ријана и Крис Браун беа омилениот пар во доцните 2000-ти, сè додека пејачот не покажа своето вистинско лице.

Утрото пред доделувањето на Греми наградите во 2009 година, во јавност протекоа информации дека парот нема да присуствува на настанот, наводно поради мала сообраќајка.

Но, набрзо се дозна дека Крис Браун ја нападнал Ријана и ја удирал толку силно, што ѝ оставил модринки по лицето.

Во јавност се појавија и фотки на кои повредите на пејачката се повеќе од очигледни.

Нормално, тие веднаш се разделија, а пејачот изгуби многу фанови.

samoubistvo-seks-snimka-najskandaloznite-holivudski-parovi-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Славни личности кои добија вонбрачни деца во тајност (од афери) Додека да наполни 11 години, Лив Тајлер ни самата не знаела дека е ќерка на пеја...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите? По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар...
8 познати парови чија љубов трае долго и покрај големата разлика во годините Џеј Зи е 12 години постар од Бијонсе, а Мајкл Даглас им 25 години повеќе од сопр...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg