Самоубиство, секс снимка: Најскандалозните холивудски парови
Чарли Шин и Дениз Ричардс
Веројатно може да се каже дека сите врски на Чарли Шин се скандалозни, но дефинитивно се истакнува бракот со Дениз Ричардс.
Тие се венчаа во 2006-та, но Дениз побара барање за развод по четири години, нагласувајќи го проблемот со алкохолизам на актерот.
Таа тврдеше дека тој дури и ѝ се заканувал, но и дека била жртва на физичко насилство.
Бритни Спирс и Кевин Федерлајн
На многумина, до денес не им е јасно како танчарот Кевин Федерлајн успеал да ја заведе најпознатата пејачка на светот.
Тие беа во брак едвај три години, но немаше ден без медиумите да споделат некоја новост за нив.
Нивниот брак го одбележаа бројни расправии, обвинувања за неверства, а на крај и жестока борба за старателство над нивните два сина.
Федерлајн беше нарекуван „машка спонзоруша“ бидејќи ја оставил бремената девојка само за да биде со Бритни (бидејќи таа има многу повеќе пари).
Фановите сметаат дека бурниот брак и уште побурниот развод имаа голем удел во нервниот слом на Бритни од 2008-ма.
Френк Синатра и Ава Гарднер
Можеби само постарите се сеќаваат на овој пар, но дефинитивно вреди да се спомне.
На 25-годишна возраст, Ава Гарднер, која веќе имаше два развода зад себе, почнала афера со Френк Синатра.
Тогаш пејачот бил оженет, но ниту еден од нив не пробувал да ја скрие аферата.
А, нивната врска била ништо помалку од скандалозна – во една пригода, се опиле и почнале да стрелаат со пиштоли во куќата на Ава.
Тие се венчаа откако Френк се разведе со тогашната сопруга, а зад грб постојано се изневеруваа.
Очекувано, нивниот брак не траеше и се разведоа во 1957-ма.
Џони Деп и Амбер Херд
Од поново време, веројатно ниту еден брак не може да се спореди со оној на познатите актери, барем кога станува збор за скандали.
Разводот на парот беше проследен и со судење кое јавноста будно го следеше, а во судницата беа изнесени најбизарните детали од нивниот заеднички живот.
Од наводното насилно однесување на Џони, до вршењето нужда на кревет од страна на Амбер, ретко кој пар може да го надмине сето ова.
На крај, Џони доби поголем дел од споровите и успеа да си ја поправи репутацијата, додека Амбер практично избега од Холивуд и се држи настрана од јавност.
Спирова С. | Црнобело