Џенифер Анистон на вечера со бившиот сопруг Џастин Теру – се прегрнуваат, тој ѝ подари роза (фото)
- Детали
- вторник, 25 април 2023
Иако е познато дека Џенифер Анистон и бившиот сопруг Џастин Теру се во добри односи, нивната последна средба ги разгоре гласините дека можеби повторно се заедно. Парот беше на вечера во ресторан, а Џенифер си замина дома со роза што ја доби од бившиот.
Џенифер Анистон и Џастин Теру се разведоа во 2018 година, но останаа во добри односи.
Сепак, нивното последно заедничко појавување ги разгоре гласините дека можеби сакаат да си дадат уште една шанса.
54-годишната актерка и 51-годишниот актер беа забележани на вечера во Њујорк.
Наводно, со нив биле и двајца пријатели – актерот Џејсон Бејтман и неговата сопруга.
Според присутните, Џенифер пристигнала сама во ресторанот и му се придружила на бившиот.
На папарацо фотките се гледа како Џенифер и Џастин се прегрнуваат, пред да седнат еден спроти друг на масата.
На крај, актерката излезе од ресторанот со роза во раката, која наводно ја добила од Џастин.
За пригодата, Џенифер носеше црна комбинација со панталони, капут и чизми, додека Џастин избрал комбинација со фармерки и темнозелено палто.
Ова не е првпат парот да ги разгори шпекулациите дека повторно е заедно.
Во февруари минатата година, Џастин ѝ го честита 53-иот роденден на Џенифер со видео на Инстаграм Стори.
Во видеото, Џенифер пали цигара и носи џемпер со натпис „Јас сум кул русокоса“. Џастин, пак, напиша „Да, си. Те сакам“.
Но, поради некоја причина, Џастин го избриша видеото речиси веднаш.
Џенифер и Џастин се запознаа на сетот на Tropic Thunder во 2007 година. Следната средба им беше дури три години подоцна, кога работеа на филмот Wanderlust.
„Помислив дека е многу сладок и многу добар. Но, се сеќавам дека прво помислив дека е многу мрачен.
На прв поглед изгледаше како сериски убиец, но тој е всушност најдобриот човек на светот“, изјави Џенифер за првата средба со Џастин.
Бидејќи почнаа да се дружат поинтензивно, јавноста почна да шпекулира дека се пар, иако тие негираа.
Сепак, во јуни 2011-та, заедно се појавија на забавата по доделувањето на MTV Movie Awards, со што ја потврдија врската.
Веќе следната година тие се верија, но чекаа околу три години за да стапат во брак.
„Сакавме да се венчаме во вистинскиот момент и не се брзавме. Но, веќе се чувствуваме како да сме во брак“, изјави Џенифер по свршувачката.
Во 2015-та, парот се венча со интимна церемонија. Најинтересно е што на семејството и пријателите им кажале дека ќе прават прослава за роденденот на Џастин, но всушност се венчале.
Сепак, неполни три години подоцна, тие одлучија да се разведат.
„Со цел да ги спречиме идните шпекулации, одлучивме да откриеме дека се разделуваме. Оваа одлука беше заедничка.
Ние сме двајца најдобри пријатели кои одлучија да се разделат, но ќе го продолжат пријателството“, гласеше нивната заедничка изјава во 2018-та.
По разводот, и двајцата неколкупати изјавија дека се ценат еден со друг и дека се во добри односи.
„Нашата разделба не беше драматична и ние се сакаме. Искрен сум кога велам дека го ценам нашето пријателство. Не мора да бидеме пар за да се радуваме еден со друг и да уживаме во пријателството“, изјави Џастин во 2021 година.
Погледнете и: Два разводи и многу неуспешни врски – кои се бившите момчиња на Џенифер Анистон?
Спирова С. | Црнобело