Ријана се шета во чорапи и папучи, уморна и несредена – конечно без лажниот гламур кој го промовира (фото)

Во црни тренерки, со чорапи и папучи - бремената Ријана беше уловена во видно несредено издание заедно со партнерот и синот. Но, ретко кој коментира за папучите на Ријана, туку сите се фокусирани кон блескавата насмевка на нејзиниот 11-месечен син: „Ова бебе само се смее“.

rijana-se-sheta-vo-chorapi-i-papuchi-umorna-i-nesredena-no-site-gledaat-vo-nasmevkata-na-nejziniot-sin-ova-bebe-samo-se-smee-01.jpg

Пејачката Ријана (35) во моментов е бремена со своето второ дете, а уште во првата бременост беше позната по тоа што не носеше трудничка облека, туку облекуваше само дизајнерски парчиња, што понекогаш граничеа со вулгарност.

Но, како што може да се види од папарацо фотографиите објавени во некои од медиумите, Ријана не поминува часови на високи потептици и во фустани од латекс, а очигледно и таа како и сите други жени има омилен пар тренерки што сака да ги носи кога сака да се опушти.

rijana-se-sheta-vo-chorapi-i-papuchi-umorna-i-nesredena-no-site-gledaat-vo-nasmevkata-na-nejziniot-sin-ova-bebe-samo-se-smee-01_1.jpg

Во неделата (23.04) Ријана заедно со нејзиниот партнер Ејсап Роки присуствуваше на една забава во Бруклин, каде се појави во тесен црвен фустан со ролка со високи потпетици и гордо позираше пред присутните.

rijana-se-sheta-vo-chorapi-i-papuchi-umorna-i-nesredena-no-site-gledaat-vo-nasmevkata-na-nejziniot-sin-ova-bebe-samo-se-smee-02.jpg

Но, само неколку часа пред тоа, папараците уловија една сосема поинаква верзија на славната пејачка.

rijana-se-sheta-vo-chorapi-i-papuchi-umorna-i-nesredena-no-site-gledaat-vo-nasmevkata-na-nejziniot-sin-ova-bebe-samo-se-smee-04.jpg

Во моментот кога нивниот приватен авион слета во Њу Џерси, Ријана беше фотографирана во сосема опуштено издание.

Со црни тренерки, бунда, бели чорапи и папучи, пејачката изгледаше непрепознатливо (и уморно) додека разговараше со партнерот кој во раце го држи нивниот 11-месечен син.

rijana-se-sheta-vo-chorapi-i-papuchi-umorna-i-nesredena-no-site-gledaat-vo-nasmevkata-na-nejziniot-sin-ova-bebe-samo-se-smee-06.jpg

Со оглед на тоа што на себе нема шминка, на фотографиите може да се забележи дека и во оваа бременост е видно отечена, но тоа успешно го крие во миговите кога треба да ја фотографираат.

rijana-se-sheta-vo-chorapi-i-papuchi-umorna-i-nesredena-no-site-gledaat-vo-nasmevkata-na-nejziniot-sin-ova-bebe-samo-se-smee-08.jpg

Сепак, на социјалните мрежи речиси никој не го виде несредениот изглед на пејачката, туку сите коментираат за тоа колку е неодолива насмевката на нејзиниот 11-месечен син додека е во рацете на татко му.

„Никогаш не сме виделе посреќно бебе“, „Ова бебе секогаш е насмеано пред камерите“, „Тоа е среќно бебе“, „Кога и да го видиме се смее“ – стои во дел од коментарите.

https://twitter.com/GalerieRihanna/status/1650554265805500432

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шон Пен ја држел Мадона врзана со часови: Холивудски скандали кои поминаа незабележано Знаевте ли дека во 2015-та, во базенот на Деми Мур било најдено мртво тело на 21...
Аријана Гранде како замотана во јорган – Најдобро и најлошо облечени ѕвезди на Оскари 2024 (фото) Марго Роби ги замени розовите „Барби“ тоалети за црн провокативен фустан, а Ариј...
Ријана пееше кај најбогатиот Индиец: Доби 6 милиони долари, ги згреши имињата на идните младенци На Твитер се шегуваат дека за 6 милиони долари Ријана не само што требала да ги ...
Ријана искрена за паѓањето на косата по бременоста: „Барем станав покреативна со моите фризури“ „Паѓањето на косата не беше во прирачникот за бременост. И, не очекував да се сл...
Го погреба синот, ја победи депресијата: Животната приказна на Ени Ленокс Популарната пејачка Ени Ленокс (69), иако секогаш насмеана на сцената, преживеа ...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg