Ријана искрена за паѓањето на косата по бременоста: „Барем станав покреативна со моите фризури“

„Паѓањето на косата не беше во прирачникот за бременост. И, не очекував да се случува постепено“, Ријана ја откри причината зад новата ултра кратка фризура, а претходно зборуваше и за другите промени кои ги предизвикале двете бремености.

rijana-iskrena-za-pagjanjeto-na-kosata-po-bremenosta-barem-stanav-pokreativna-so-moite-frizuri-01.jpg

Ријана е позната по експериментирањето со стилот и сме ја виделе во многу различни изданија.

Сепак, подолг период долгата коса стана заштитен знак на пејачката, па беше изненадување кога неодамна се појави со многу кратка фризура.

Ријана и претходно имала кратка коса, но сега ги покажа нејзините природни локни – нешто што е вистинска реткост.

36-годишната пејачка првпат се појави со новата фризура пред неколку дена.

rijana-iskrena-za-pagjanjeto-na-kosata-po-bremenosta-barem-stanav-pokreativna-so-moite-frizuri-04.jpg

До неодамна, таа имаше долга руса коса, но сега одлучи за кратка фризура која не е исправена.

Вчера, пак, таа ја откри и причината за драстичната промена.

rijana-iskrena-za-pagjanjeto-na-kosata-po-bremenosta-barem-stanav-pokreativna-so-moite-frizuri-05.jpg

На забава за лансирање нова линија продукти од нејзиниот бренд, Ријана сподели дека имала проблем со паѓање на косата во бременоста.

„Тоа (паѓањето на косата) не беше во прирачникот. И, не очекував да се случува постепено – мислев дека косата ќе падне, па ќе порасне.

Но, прво се случи на еден дел од главата, па на друг, па на трет… И, тогаш само ќе си речете ’доста е‘.

НО, исто така научив да го прифатам тоа. Станав малку покреативна со моите фризури“, вели пејачката во изјава која беше споделена на Инстаграм.

Во коментари, многумина, особено жени кои се соочиле со истиот проблем, ја поздравуваат искреноста на пејачката.

„Чекав да почне да зборува за ова. Затоа можеме да се поврземе со неа“.

„Ријана го прифаќа нејзиното природно тело во секоја фаза од животот и прекрасно е да се гледа тоа“.

„Навистина ми се доаѓа кога славните зборуваат за паѓањето на косата поради бременост или нешто друго“.

„Навистина е важно да се зборува за ова, треба да зборуваме за сите работи поврзани со бременоста и породувњето. Жените заслужуваат да знаат кои промени ќе им се случат“.

rijana-iskrena-za-pagjanjeto-na-kosata-po-bremenosta-barem-stanav-pokreativna-so-moite-frizuri-07.jpg

Неодамна, Ријана даде интервју за американскиот магазин Interview каде што зборува и за другите промени и предизвици што ѝ ги донеле двете бремености.

Таа открива дека по обврските со двете деца, ја мрзи да обрнува многу внимание на нејзината облека.

„Ќе се преморам до смрт додека да ги облечам децата и потоа си помислувам ’Што е најудобната облека што можам да ја носам кога сум со нив? Која облека ќе им делува пријатно кога ќе ги земам во раце?‘

Во реалноста, сите мајки сме мрзливи кога станува збор за облека“.

rijana-iskrena-za-pagjanjeto-na-kosata-po-bremenosta-barem-stanav-pokreativna-so-moite-frizuri-06.jpg

Истовремено, Ријана истакнува дека партнерот Ејсaп Роки е одличен татко.

„Роки никогаш не бега ни од менувањето пелени. Ќе си го покрие носот со маицата ако му мириса многу. Некако се снаоѓа. Малку е смешно“.

rijana-iskrena-za-pagjanjeto-na-kosata-po-bremenosta-barem-stanav-pokreativna-so-moite-frizuri-08.jpg

Пејачката вели и дека пандемијата ги натерала побрзо да го реализираат планот за да станат родители.

„Пандемијата како да ни ја забрза врската. А, мислам дека ни требаше токму тоа за да започнеме семејство.

Да не беше пандемијата, ќе ни требаше многу повеќе време да се зближиме и да сфатиме дека сме подготвени да имаме дете“.

rijana-iskrena-za-pagjanjeto-na-kosata-po-bremenosta-barem-stanav-pokreativna-so-moite-frizuri-9.jpg

На прашањето дали би направила пластична операција, особено по бременоста, Ријана вели:

„Само сакам некој да ми ги врати градите каде што беа. Не сакам импланти, туку сакам лифтинг“.

rijana-iskrena-za-pagjanjeto-na-kosata-po-bremenosta-barem-stanav-pokreativna-so-moite-frizuri-02.jpg

Пејачката истакнува дека не би направила липосукција, по што вели дека во бременоста, може да се случи да се создадат масни наслаги на разни делови од телото.

„Целулитот кој се појавува во третиот триместар не е шега. Се појавува на места каде што си мислел дека не можел да се појави.

Најмногу го има на бутовите бидејќи тој дел од телото ја носи тежината на бебето“.

Ријана додава и дека во иднина би сакала да има уште деца, односно како што вели самата - „толку колку што ќе ѝ даде Бог“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 славни жени тврдат дека се посреќни кога се сингл: „Не ми треба маж кој ќе се однесува како дете“ „Решив веќе да не одам на љубовни состаноци, зашто долго време не чувствував иск...
Шон Пен ја држел Мадона врзана со часови: Холивудски скандали кои поминаа незабележано Знаевте ли дека во 2015-та, во базенот на Деми Мур било најдено мртво тело на 21...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Го погреба синот, ја победи депресијата: Животната приказна на Ени Ленокс Популарната пејачка Ени Ленокс (69), иако секогаш насмеана на сцената, преживеа ...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg