Ријана пееше кај најбогатиот Индиец: Доби 6 милиони долари, ги згреши имињата на идните младенци
- Детали
- недела, 03 март 2024
На Твитер се шегуваат дека за 6 милиони долари Ријана не само што требала да ги знае имињата на младенците, туку и на членовите на нивните семејства до трето колено.
Светската ѕвезда Ријана викендов пееше на претсвадбената веселба кај најбогатиот Индиец, милијардерот Мукеш Амбани, кој во јуни ќе го жени синот Анант Амбани за Радика Мерчант.
За својот настап, прв откако го роди второто дете и прв по Супербоул 2023, Ријана доби 6 милиони долари.
Анант Амбани и Радика Мерчант
Во текот на концертот таа ги поздрави идните младенци, но им ги згреши имињата, поради што стана мета на потсмев на социјалните мрежи.
На Твитер велат дека за 6 милиони долари не само што требала да ги знае имињата на младенците, туку и на членовите на нивните семејства до трето колено.
Rihanna was paid 50+ crore and still can’t pronounce their names correctly
Some people expect fluent English for BPO jobs paying 8-12K/month #AnantRadhikaCelebration pic.twitter.com/LWz9fBn52F-->— Vineeth K (@DealsDhamaka) March 2, 2024
На социјалните мрежи се споделуваат и видеа од нејзиниот настап на кои таа делува по малку незаинтересирано и пее и игра како без душа.
she just don’t give a fuck 😭😭 pic.twitter.com/cV5EqlEsiI
— ✯ (@crispypunxni) March 1, 2024
Инаку, на претствадбената веселба во Индија, меѓу гостите беше и Бил Гејтс заедно со поранешната сопруга, Марк Закерберг, Иванка Трамп и други.
За оваа забава, Амбани, наводно потрошил околу 120 милиони долари.
Според магазинот Forbes, тој е најбогатиот човек во Азија, а 11-ти најбогат човек во светот.
Погледнете го видеото:
А. Ј. | Црнобело