„Се опив и во 2 наутро на цел глас ѝ викнав дека ја сакам“ - На Ештон Кучер и Мила Кунис им требаа 14 години да почнат врска

„Бев пијан кога првпат ѝ кажав на жена ми дека ја сакам. Мислам дека испив малку повеќе текила. Се појавив пијан кај неа дома, во 2 часот наутро, и само почнав да врескам: ‘Ти и текилата ме полудувате’. И ѝ кажав дека ја сакам, а таа ми рече: ‘Не го кажувај тоа ако не го мислиш. Ќе ме сакаш ли и изутрина кога ќе се разбудиш со овој мамурлак’?“ – Ештон Кучер неодамна во интервју откри дека бил пијан кога ѝ кажал на Мила Кунис дека ја сака. Детали за нивната љубовна приказна...  

se-opiv-i-vo-2-sabajle-na-cel-glas-od-pod-vikav-deka-ja-sakam-na-eshton-kucher-i-mila-kunis-im-trebaa-14-godini-da-pochnat-vrska-01.jpg

Ештон Кучер и Мила Кунис важат за еден од најубавите холивудски парови, со две деца и складен брак.

Се запознале 14 години пред да ја почнат љубовната врска - во меѓувреме Ештон беше во брак со Деми Мур, а Мила имаше долга врска со Меколи Калкин.

Иако не зборуваат многу за својата љубовна приказна, Ештон неодамна во поткастот кај кантри-пејачот Кени Чесни, раскажа дека првпат ѝ кажал на Мила дека ја сака во 2 часот наутро, откако испил премногу текила за да собере храброст.

„Бев пијан кога првпат ѝ кажав на жена ми дека ја сакам. Мислам дека испив малку повеќе текила. Се појавив пијан кај неа дома, во 2 часот наутро, и само почнав да врескам: ‘Ти и текилата ме полудувате’.

И ѝ кажав дека ја сакам, а таа ми рече: ‘Не го кажувај тоа ако не го мислиш. Ќе ме сакаш ли и изутрина кога ќе се разбудиш со овој мамурлак’?“ – рекол Ештон во разговорот со пејачот.

 se-opiv-i-vo-2-sabajle-na-cel-glas-od-pod-vikav-deka-ja-sakam-na-eshton-kucher-i-mila-kunis-im-trebaa-14-godini-da-pochnat-vrska-03.jpg

Ештон додал и дека кога се разбудил утрото ѝ повторил дека ја сака, а останатото е историја.

Мила и Ештон се запознаа во 1998 година, кога двајцата добија улоги во хумористичната серија „That 70’s Show“.

Таа ја глумеше Џеки Буркхарт, а Кучер беше Мајкл Келсо. Во тоа време Мила имаше 14, а Ештон 20 години.

Истата година го имаа својот прв бакнеж на екран. Мила подоцна призна дека тоа ѝ бил и прв бакнеж во животот.

se-opiv-i-vo-2-sabajle-na-cel-glas-od-pod-vikav-deka-ja-sakam-na-eshton-kucher-i-mila-kunis-im-trebaa-14-godini-da-pochnat-vrska-06_copy.jpg

Во 2005 година Кучер ја напушти серијата, а брзо потоа шоуто престана да се снима.

Истата 2005 година Кучер се ожени со Деми Мур.

Шест години подоцна, во 2011, Мила се раздели од тогашниот дечко Меколи Калкин. Истата година Деми објави дека таа и Ештон се разведуваат.

se-opiv-i-vo-2-sabajle-na-cel-glas-od-pod-vikav-deka-ja-sakam-na-eshton-kucher-i-mila-kunis-im-trebaa-14-godini-da-pochnat-vrska-05_copy.jpg

Мила и Ештон немаа контакт неколку години, но повторно се сретнаа во јануари 2012, на 69-то доделување на Златните глобуси.

Во едно интервју актерите признаа дека само неколку дена откако се сретнале на Златните глобуси, биле гости на забава за вселување кај нивни заеднички пријател и тогаш првпат се бакнале вистински, а не пред камерите.

„Донесов пријателка на забавата со мене. Ѝ реков да дојде со мене за секој случај. Ама, ете, се случи да останеме сами со Ештон и тоа беше доволно“, раскажа Мила за првиот бакнеж, кој се случил 14 години откако се запознале.

se-opiv-i-vo-2-sabajle-na-cel-glas-od-pod-vikav-deka-ja-sakam-na-eshton-kucher-i-mila-kunis-im-trebaa-14-godini-da-pochnat-vrska-04_copy.jpg

Иако почнаа да се гледаат во јануари, веќе во април 2012 година Кунис и Кучер почнаа да живеат заедно.

Откако во 2013 година Ештон и официјално се разведе од Деми, ја побара Мила за жена. Тие се свршија во февруари 2014 година, а во октомври ја добија ќерката Вајат Изабел Кучер.

Мила и Ештон се венчаа на 4 јули 2015 година. Една година подоцна го добија синот Димитри Портвуд.

se-opiv-i-vo-2-sabajle-na-cel-glas-od-pod-vikav-deka-ja-sakam-na-eshton-kucher-i-mila-kunis-im-trebaa-14-godini-da-pochnat-vrska-02_copy.jpg

Во јануари 2023 година тие повторно се вратија на своите почетоци, па имаа епизодни улоги во серијата „That 90’s Show“ и ги глумеа Келсо и Џеки.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Со првиот сопруг се омажила на 16 години, мајка ѝ го поништила бракот – Бурното љубовно минато на Ми... Гневна затоа што мајка ѝ не ја третирала како возрасна личност, Мила се омажила ...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Остана без работа поради користењето дрога, не ѝ дозволувале да јаде: Тажни детали од животот на Кеј... По бурната врска со Џони Деп, за да го преболи, Кејт Мос се вплетка во љубовен т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg