Ја надрасна мама – Ќерката на Том Круз и Кејти Холмс порасна во скромна убавица и не ги наследи гените од татко ѝ
- Детали
- среда, 26 април 2023
Светските медиуми објавија фотки од Кејти Холмс и нејзината ќерка од аеродромот во Лос Анџелес со коментар дека освен што е копија на својата мајка, Сури од неа ја наследила и висината, бидејќи нејзиниот татко Том Круз е 5 сантиметри понизок од Кејти. Oд најразгалено девојче во Холивуд што носеше штикли и шминка, порасна во скромна тинејџерка.
Актерката Кејти Холмс беше фотографирана на аеродромот во Лос Анџелес со нејзината ќерка Сури (17). Облечени во тренерки и без шминка, мајката и ќерката делуваа скромно и поминаа скоро незабележано.
Кејти носеше капа и широк џемпер, а Сури својот изглед го дополни со многу сребрен накит и розов куфер, за кој медиумите пишуваат дека ѝ е заштитен знак, бидејќи од дете на повеќето патувања е фотографирана со розов куфер.
Овојпат светските медиуми ги објавија нивните фотки со коментар дека Сури, освен што е копија на својата мајка, очигледно ја наследила и висината од неа, бидејќи нејзиниот татко Том Круз е 5 сантиметри понизок од мајка ѝ и честопати носи подигнати чевли за да го скрие тоа.
Сури ретко се појавува во јавноста, а во моментов се подготвува за колеџ.
Иако ги помина првите години од животот во центарот на вниманието на светските медиуми, кога на 3 години носеше штикли и се шминкаше, по разводот со Том, Кејти реши да ја држи ќерка си подалеку од јавноста.
Таа, разгаленото девојче го израсна во скромна тинејџерка која често се занимава со хуманитарна работа и волонтира во центри за згрижување бездомници, каде што послужува храна.
Сури за сега не се занимава со глума како нејзините родители, но во 2022 година Кејти откри дека нејзината ќерка снимила кавер на песната Blue Moon за филмот Alone Together, кој Холмс го напиша, режираше и во кој глумеше.
„Таа е многу, многу талентирана. Рече дека ќе ја сними песната, а јас ѝ дозволив да го направи тоа“, рече тогаш Холмс за Yahoo! Entrertainment.
Таа раскажа и дека Кејти пее одлично, но дека во моментот не е фокусирана на пејачката кариера.
„Сури е 16-годишно дете кое учи средно училиште“, рече тогаш актерката.
За потсетување, Сури е единствената ќерка на Кејти Холмс и Том Круз. Парот почна љубовна врска во 2005 година, а по седум недели тие веќе беа свршени.
Се венчаа во замок во Италија во ноември 2006 година, седум месеци по раѓањето на Сури.
Кејти поднесе барање за развод во 2012 година, кој беше финализиран за само 10 дена. Таа го доби примарното старателство над Сури, иако Том можеше да ја посетува кога сака.
Светските медиуми пишуваат дека Том и Сури немаат никаков контакт и дека глумецот не ја видел ќерка си од разделбата со Кејти.
Прочитајте и Како Кејти Холмс успеа да ја претвори Сури од најразгаленото девојче од Холивуд во скромна тинејџерка?
А. Ј. | Црнобело