За 2 месеца ќе одлучи дали сака да го гледа татко ѝ – Сури Круз со мајка ѝ низ Њујорк, а Том Круз во Лондон со новата девојка

Два месеца пред да стане полнолетна, Сури Круз опуштено се шета со мајка ѝ низ Њујорк, додека татко ѝ со новата 25 години помлада девојка го шета светот. Низ таблоидите има гласини дека актерот има план како пак да ја придобие ќерката која не ја видел 11 години.

ushte-2-meseci-kje-mozhe-da-odluchi-dali-saka-da-go-gleda-tatko-i-suri-kruz-so-majka-i-niz-njujork-a-tom-kruz-na-odmor-so-novata-devojka-01.jpg

Во понеделникот папараците успеаја да направат фотографии од ќерката на Том Круз и Кејти Холмс, Сури, која во април годинава ќе стане полнолетна и ќе наполни 18 години. Сури беше снимена во опуштено издание со фармерки и каубојски чизми како се шета низ Њујорк со мајка ѝ.

Видно расположени, мајката и ќерката се шетаа низ улиците без грам шминка, а според многумина, девојката денес е копија на мајка ѝ.

ushte-2-meseci-kje-mozhe-da-odluchi-dali-saka-da-go-gleda-tatko-i-suri-kruz-so-majka-i-niz-njujork-a-tom-kruz-vo-london-so-novata-devojka-02.jpg

Сури порасна во фокусот на вниманието, благодарение на тоа што е ќерка на еден од најпознатите актери во светот, а светската јавност постојано сака да дознае детали за нивниот однос. Според таблоидите, Том ја нема видено ќерка му од 2013-та година.

ushte-2-meseci-kje-mozhe-da-odluchi-dali-saka-da-go-gleda-tatko-i-suri-kruz-so-majka-i-niz-njujork-a-tom-kruz-vo-london-so-novata-devojka-03.jpg

Како главна причина за нивните нарушени односи се наведува скиентолошката црква, која не му дозволува на Том да има каков било контакт со луѓето што ја отфрлиле нивната религија.

Но, со оглед на тоа што Сури на 18-ти април годинава ќе наполни 18 години, таа сама ќе може да одлучи дали сака или не сака да има контакт со татко ѝ и дали планира да ја прифати црквата.

ushte-2-meseci-kje-mozhe-da-odluchi-dali-saka-da-go-gleda-tatko-i-suri-kruz-so-majka-i-niz-njujork-a-tom-kruz-vo-london-so-novata-devojka-04.jpg

Според некои пишувања, Том дури има и план како да ја намами ќерката да ја прифати скиентологијата и да ѝ го сврти грбот на Кејти, која во 2012-та година се разведе од него и потоа одлучи да побегне во Њујорк, подалеку од влијанието на религиозниот култ основан од Рон Хабард.

Додека Кејти и Сури безгрижно се шетаат низ Њујорк, Том во моментов живее од другата страна на Атлантскиот Океан, во Велика Британија, каде ужива со 25 години помладата девојка Елсина Кајрова.

ushte-2-meseci-kje-mozhe-da-odluchi-dali-saka-da-go-gleda-tatko-i-suri-kruz-so-majka-i-niz-njujork-a-tom-kruz-vo-london-so-novata-devojka-05.jpg

Елсина е ќерка на руски пратеник и поранешна сопруга на трговец со дијаманти, а се верува дека таа и Том се запознале минатиот декември на забава и дека оттогаш се нераздвојни.

ushte-2-meseci-kje-mozhe-da-odluchi-dali-saka-da-go-gleda-tatko-i-suri-kruz-so-majka-i-niz-njujork-a-tom-kruz-vo-london-so-novata-devojka-06.jpg

Според Daily Mail Елсина го придружувала Том на добротворната гала вечер од минатата недела каде присуствуваше и принцот Вилијам, а потоа заедно со хеликоптер заминале во Лас Вегас на Super Bowl.

Прочитајте и Беше во брак со руски тајкун, татко ѝ е политичар: Која е новата девојка на Том Круз?

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс до... Во изминативе 12 години додека Том Круз никогаш не ја спомнал ќерката Сури, на К...
Како Сури Круз ја возвиши мајка ѝ и му зададе удар на славниот татко? Сури го избриша презимето на татко ѝ и зеде презиме со кое ја возвишува својата ...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg