- Детали
-
вторник, 28 декември 2021
-->
Добрите луѓе им приредија неколку изненадувања на дечињата од Детската клиника во Скопје, наш теквондист освои сребро на Олимписките игри и беа направени четири успешни трансплантации на срце - 2021-ва изобилува со прекрасни моменти на кои вреди да се потсетиме.
Иако се надевавме дека досега ќе помине, пандемијата ја одбележа и 2021 година, но тоа не значи дека изминативе 12 месеци не се случија и некои убави нешта.
-->
Помеѓу целиот страв и неизвесноста, 2021 година ја одбележаа и многу прекрасни моменти кои се случија кај нас и кои за миг ни ја вратија радоста, како и вербата во човештвото.
Добрите дела на хуманите Македонци, неколкуте трансплантации на органи во болниците во Македонија и бројните успеси на македонските спортисти се само дел од убавите настани по кои ќе ја помниме оваа година.
Убави моменти за кои пишувавме во 2021-ва на CRNOBELO.com - се потсетуваме на нив:
1. Кога на 82-годишна бабичка ѝ беше украден паричникот во супермаркет во Буњаковец, чесен граѓанин го пронашол и ѝ го вратил.
2. Теквондистот Дејан Георгиевски се натпреваруваше на Олимписките игри во Токио и освои сребрен медал, со тоа станувајќи најуспешниот македонски спортист кој се натпреварувал на Игрите.
-->
-->
3. Во септември, месецот за поддршка на дечињата кои боледуваат од рак, пред Клиниката за детски болести се собраа многу луѓе кои им пееја на децата во болницата со светилки во рацете.
-->
4. Македонските фудбалери испишаа историја откако извојуваа победа над Исланд и се пласираа во баражот за Светското првенство во Катар кое ќе се одржи следната година.
5. Сузана Турунџиева покажа дека е жена со големо срце откако објави видео од нејзиниот час по ора и танци на коешто танцува со нејзина ученичка во инвалидска количка.
-->
6. Горан Пандев го одигра својот последен натпревар, и тоа на Европско, а беше испратен со стоечки овации, како и дрес од капитенот на Холандија. Македонците, пак, ја покажаа својата неизмерна поддршка на Европското првенство – ги преплавија улиците во Букурешт и го потрошија целото пиво.
7. Анди Исмаили од Гостивар има само 12 години, но во 2021-ва по вторпат стана светски првак во модерен современ танц.
8. Невена од Злетово ја покажа својата хуманост уште на 7-годишна возраст кога ја скрати нејзината коса за да ја донира за оние кои се болни од рак. Истото го направија и малата Гордана Димовска и Антонија Коцева.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира: