Позитива на денот: Невена (7) од Злетово ја скрати косата и ќе ја донира за деца болни од рак

Невена е уште едно од низата деца кои од најмала возраст знаат да ја покажат љубовта и хуманоста на дело – браво за сите деца кои ја донираат својата коса за оние кои се болни од рак.

pozitiva-na-denot-nevena-od-zletovo-ja-skrati-kosata-i-kje-ja-donira-za-deca-bolni-od-rak-01.jpg

Објавите за дечиња кои од мали прават добри дела ни ги освојуваат срцата. Тие знаат да ја покажат својата грижа и нивната љубов која е чиста и непроценлива.

Потсетете се на Малиот Дарин од Скопје ја скрати косата за првпат и ќе ја донира за дечиња болни од рак (фото)

На Фејсбук страната на фризерски салон од Злетово беа објавени фотографии од малата Невена, која ја скратила нејзината коса чувана 7 ипол години (колку што е и нејзината возраст), со цел да ја донира за перики за дечиња болни од рак.

Невена е уште едно дете кое дава пример за сите останати да ја покажат хуманоста на дело, независно дали се работи за деца или возрасни. Браво Невена!

Во објавата на Фејсбук страната стои:

„Денеска денот ми го разубави миличка. Прекрасната Невена својата желба ја исполни. Хуманоста ја покажа од мали нозе и секогаш биди таква позитивна и ведра. Косата ќе ја донираме за деца болни од рак.“

pozitiva-na-denot-nevena-od-zletovo-ja-skrati-kosata-i-kje-ja-donira-za-deca-bolni-od-rak-02.jpg

pozitiva-na-denot-nevena-od-zletovo-ja-skrati-kosata-i-kje-ja-donira-za-deca-bolni-od-rak-03.jpg

Прочитајте и 12 годишната Анастасија од Штип ја донираше својата плетенка за дечиња болни од рак

М. М. | Црнобело / фото: Фејсбук

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Мали хероини: Уште 2 предвремено родени бебиња се изборија за животите (едното родено со тежина од 5... Малата Амела била родена со тежина од само 550 грама во 6-иот месец од бременост...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Браво! Осамна мурал од Ѓорѓи Колозов во кафуле во близина на Соборна црква Тој нè напушти во 2003 година, но како да беше вчера. Засекогаш ќе ги имаме нају...
Ќерката на Хелена Роза е вистинска убавица: Кјара сака фитнес и студира право Ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља (25), скоро една деценија ужива во животот на...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg