Филип од Скопје ја запроси Ена на ски-патека во Австрија: „Доктор помисли дека сме повредени, веднаш дојде до нас“

„Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во прозор. Се знаеме од мали, но поради разликата во генерации никогаш се немаме дружено. Официјално се запознавме кога Филип ме виде во еден скопски локал и ми пиша на Инстаграм“, раскажува Ена од Скопје.

filip-od-skopje-klekna-na-koleno-i-ja-zaprosi-eva-srede-ski-pateka-vo-avstrija-lekar-pomisli-deka-mu-se-sloshi-vednash-dojde-do-nas-01.jpg

Ена Благоева (29) и Филип Димишковски (36) од деца живеат еден спроти друг во населбата Капиштец во Скопје. Се познаваат целиот свој живот, но никогаш не се дружеле.

Но, сето тоа се сменило пред 3 години, кога се сретнале во локал во Скопје и ја почнале нивната љубовна приказна.

А, токму на тригодишнината, додека беа на скијање во Австрија, Филип клекна на колено и ја побара Ена за сопруга.

filip-od-skopje-klekna-na-koleno-i-ja-zaprosi-eva-srede-ski-pateka-vo-avstrija-lekar-pomisli-deka-mu-se-sloshi-vednash-dojde-do-nas-03_copy.jpg

Таа за CRNOBELO.com раскажа за изненадувањето што ѝ го приредил додека биле на зимување во Кицбиел, Австрија, но и за почетокот на нивната љубовна приказна, која била во стилот на Јулија и Ромео:

„Со Филип сме во врска точно 3 години, на 14 јануари ни беше годишнина од запознавањето.

Ние двајца живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Неговата куќа е паралелна со мојата зграда. Си гледаме од прозор во прозор.

Се знаеме од мали, ама поради разликата во генерации никогаш се немаме дружено во маало.

Официјално се запознавме кога Филип ме виде во еден скопски лаунџ бар и ми пиша на Инстаграм: 'Кај си бе, Јулија?', демек Ромео и Јулија.

filip-od-skopje-klekna-na-koleno-i-ja-zaprosi-eva-srede-ski-pateka-vo-avstrija-lekar-pomisli-deka-mu-se-sloshi-vednash-dojde-do-nas-04.jpg

Запросувањето се случи додека бевме на скијање во Кицбиел, Австрија, на ски-патека.

Јас решив да го снимам како вози затоа што времето беше многу убаво, а тој одеднаш клекна и го извади прстенот на среде патека.

Не очекував воопшто. Имаме зборувано за иднината, ама ништо конкретно.

Потоа нè сликаше лекар-скијач кој мислеше дека сме повредени, па застана до нас.

filip-od-skopje-klekna-na-koleno-i-ja-zaprosi-eva-srede-ski-pateka-vo-avstrija-lekar-pomisli-deka-mu-se-sloshi-vednash-dojde-do-nas-05.jpg

Филип вели дека немал воопшто трема. Според него, тој од првиот ден знаел дека јас сум вистинската. Само, како што вели, чекал малку да пораснам.

Јас, пак, бев прилично изненадена и мнооогу среќна, со еден збор фасцинирана.

Ние двајцата буквално живееме за скијање и бордање и баш ме радува што го избрал овој момент за да ме запроси.

filip-od-skopje-klekna-na-koleno-i-ja-zaprosi-eva-srede-ski-pateka-vo-avstrija-lekar-pomisli-deka-mu-se-sloshi-vednash-dojde-do-nas-02.jpg

Откако ме побара за сопруга, прво им соопштивме на родителите и на старосватицата Ивана, а потоа на другарките и другарите.

Засега немаме планови за свадба, но сигурно ќе биде нешто во урбан, кул стил“.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Едина Муса го откри името на бебето, Кристина Димитри меша ајвар: Што прават македонските ѕвезди на ... Иван Јованов ужива со сопругата и ќерката Ниа, нашата млада актерка Марија Јанче...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Ламбе Алабаковски за татковството: „Сакам и ќерка по двата сина“ „Самото породување за мене беше еден голем, возвишен чин, со измешани емоции, ра...
Димитар ја запроси саканата Стефани под ѕвезденото небо на Тунис (видео) „Тој порача шише вино во соба, но не ми беше чудно зашто често ми прави романтич...
Кои се најпознатите браќа на македонската јавна сцена? Успешни музичари, одлични спортисти... Кои се најпознатите браќа на нашата јавна...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg