Македонските навивачи ги преплавија улиците и го потрошија пивото во Букурешт – ја пренесуваат атмосферата за CRNOBELO.com (фото+видео)

„Македонците ги преплавија улиците на Букурешт, австријските навивачи се само мирни туристи и сакаат да се сликаат со нас, па дури и пеат македонски песни со нас, а во кафулињата за само неколку часа ни кажаа дека Македонците го испиле цело пиво“ – изјавуваат македонските навивачи за CRNOBELO.com.

makedonskite-navivachi-gi-preplavija-ulicite-i-kafulinjata-na-bukuresht-ja-prenesuvaat-atmosferata-za-crnobelo-com-foto-video-1.jpg

Атмосферата во Букурешт се вжештува како што се приближува времето за почетокот на првиот натпревар на Европско првенство во историјата на македонскиот фудбал.

Момците од македонската фудбалска репрезентација во 18 часот ќе испишат историја на теренот во Букурешт, додека македонските навивачи со цело срце и душа ќе ги бодрат од трибините на стадионот и пред малите екрани.

Македонските навивачи цел ден „се загреваат“, ја пеат химната на Македонија и со нетрпение очекуваат да ги видат момците на терен.

Неколку навивачи ни ја пренесуваат атмосферата од Букурешт:

„Одлична атмосфера, преполни улици и кафулиња, добра храна и уште подобро регулирани протоколи и тестирања. Сѐ се одвива навистина брзо и еуфорично. Има доста туристи од Австрија, но многу повеќе наши, со знамиња, дресови, песни во поход по успех на првото Европско! Како цела Македонија да е преселена во Букурешт. Сите се надеваат на поволен резултат, што само го зголемува притисокот, но сепак најбитна е атмосферата! Од тест центрите се упатуваме кон некој од баровите во стариот град, а од таму директно на стадион!“ – изјави за CRNOBELO.com Едо од Скопје.

makedonskite-navivachi-gi-preplavija-ulicite-i-kafulinjata-na-bukuresht-ja-prenesuvaat-atmosferata-za-crnobelo-com-foto-video-04.jpgфото: приватна архива

„Денес збирно место е кафулето Distrikt 41 во Стариот град. Атмосферата е луда и еуфорична, на улиците врие од Македонци кои го преплавија Стариот град и кафулињата. Македонците се во многу поголем број од Австријците, па некои од нив се сликаат со нас, па дури и пеат македонски песни со нас. Во кафулињата снема пиво за неколку часа, а Романците ни рекоа вие Македонците го испивте цело пиво. Вчера по 12 часот се купуваше пиво од трафики. Денес е уште поеуфорично, а веќе неколку часа пред натпреварот се собираме во фан зоната!“ – изјави за CRNOBELO.com Андреј од Пробиштип.

makedonskite-navivachi-gi-preplavija-ulicite-i-kafulinjata-na-bukuresht-ja-prenesuvaat-atmosferata-za-crnobelo-com-foto-video-4.jpgфото: приватна архива

makedonskite-navivachi-gi-preplavija-ulicite-i-kafulinjata-na-bukuresht-ja-prenesuvaat-atmosferata-za-crnobelo-com-foto-video-.jpgдевојката на фудбалерот Дарко Велковски, Тамара Чуприна (десно)

„Влегува Кавадарчанец во еден од кафиќите што беа окупирани од Македонци и вика, овие неспремни ги фативме како ланскиот снег. Испиени беа тони пиво за неполни неколку саати. Делириум низ стариот град, а Австријските навивачи се само мирни туристи и сакаат да се сликаат со нас. И Романците навиваат за нас, тоа е најважно!“ – изјави за CRNOBELO.com Виктор од Скопје.

makedonskite-navivachi-gi-preplavija-ulicite-i-kafulinjata-na-bukuresht-ja-prenesuvaat-atmosferata-za-crnobelo-com-foto-video-5.jpgфото: приватна архива

Уште неколку видеа кои кружат на социјалните мрежи од вжештената атмосфера во Букурешт:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Браво! Нашата Мила Рељиќ победи двократна олимписка шампионка во таеквондо на својот деби настап на ... Браво! Нашата Мила нè израдува на нејзиниот прв настап на Олимпијадите! Браво...
Ервин Цого испиша историја во македонскиот баскет, стана првиот Македонец кој настапил на World Tour... „Нема поголема чест од ова. Отсекогаш сум сакал да играм на World Tour, но никог...
Дедо ѝ ја посвоил бидејќи мајка ѝ била алкохоличар, висока е 142 cm – Факти за Симон Бајлс, најпозна... Симон Бајлс има освоено осум олимписки медали, од кои пет се златни, но вели дек...
Јана Атанасовска испишува историја како прва Македонка во алпско скијање на Светски скијачки куп 18-годишната Јана ќе ја претставува Македонија на ФИС Светскиот скијачки куп во ...
Каратистите на „Макпетрол“ се подготвуваат за претстојното Европско Првенство Македонските карате-репрезентативци, членови на „Макпетрол“, моментно се на едно...
Страда од депресија и анксиозност, почнал како гимнастичар: Кој е најбрзиот човек на планетата, Ноа ... „Имам астма, алергии, дислексија, пореметување поради недостаток на внимание (AD...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg