Јана Атанасовска испишува историја како прва Македонка во алпско скијање на Светски скијачки куп

18-годишната Јана ќе ја претставува Македонија на ФИС Светскиот скијачки куп во Леви, Финска. 

jana-atanasovska-ispishuva-istorija-kako-prva-makedonka-vo-alpsko-skijanje-na-svetski-skijachki-kup-01.jpg

На само 18 години, Јана Атанасовска испишува историја како првата македонка што ќе се натпреварува во алпско скијање на ФИС Светски скијачки куп. Јана ќе го претстави знамето на Македонија во дисциплината слалом, на утрешната трка (16.11, сабота) со почеток во 11:00 часот. Овој настап претставува огромен успех и достигнување не само за Јана, туку и за македонскиот спорт, поставувајќи нови стандарди и инспирација за идните генерации.

Јана Атанасовска, која со својата посветеност, истрајност и талент успеа да го достигне светскиот врв, тренираше интензивно и со голема посветеност изминатите години, а нејзиниот успех претставува одличен пример за сите млади спортисти.

jana-atanasovska-ispishuva-istorija-kako-prva-makedonka-vo-alpsko-skijanje-na-svetski-skijachki-kup-02.jpg

Во својата кариера, Јана се истакна со бројни успеси на регионални и меѓународни натпревари, а сега таа ќе се натпреварува рамо до рамо со најдобрите светски скијачки, меѓу кои и најдобрата скијачка на сите времиња Микаела Шифрин.

Јана, заедно со нејзините тренери Александар Атанасовски Чаве – кој е и нејзин татко – и Игор Загерник, се наоѓа во Леви, Финска, подготвена за своето историско деби на ФИС Светскиот скијачки куп.

jana-atanasovska-ispishuva-istorija-kako-prva-makedonka-vo-alpsko-skijanje-na-svetski-skijachki-kup-04.jpg

ФИС Светскиот скијачки куп во Леви, Финска, е еден од најочекуваните настани во алпското скијање, посебно познат по натпреварите во дисциплината слалом. Традиционално, трките се одржуваат во ноември, со учество на светската елита во машка и женска категорија. Леви е првата слаломска трка во сезоната на ФИС Светски куп во алпско скијање и означува официјално отворање на натпреварите.

Скијачката федерација на Македонија со гордост ја поддржува Јана, и и посакува многу успех во остварувањето на нејзините цели и соништа.

jana-atanasovska-ispishuva-istorija-kako-prva-makedonka-vo-alpsko-skijanje-na-svetski-skijachki-kup-05.jpg

Би можело да ве интересира:

Нејмар купи дрес од уличен продавач, мажот скока од среќа среде раскрсница (видео) Бразилецот Нејмар, кој е еден од најдобрите светски фудбалери на сите времиња, н...
Директорот на млади категории на гигантот Пик Сегед во улога на тренер и предавач на кампот „40х20“ ... Еднодневниот бесплатен семинар, ќе се одржи за време на кампот во Охрид и истиот...
Македонско девојче: Илина Соколовска освои злато во Бундеслига Македонското девојче Илина Соколовска повторно постигна неверојатен успех! На ст...
Каратистите на „Макпетрол“ учествуваа на светската премиер лига во Ларнака Симона Заборска од карате клубот „Макпетрол“ се пласира на седмата позиција на т...
Секоја чест! Македонката Катерина Ацевска е европска вицешампионка во џиу-џицу Македонија има убави вести за славење, нашата Катерина Ацевска го освои сребрени...
Надал го одигра последниот меч во кариерата и се збогува со емотивен говор: „Сакам да ме помните как... Откако го изгуби својот последен меч, Рафаел Надал одржа емотивен говор со кој и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg