Македонската фаланга го обои Вараждин во црвено-жолто - „Бисер балкански“ ечи на СП во ракомет 2025 (видео)
- Детали
- четврток, 16 јануари 2025
Нашата фан-зона е преплавена со стотици Македонци, се пееја „Бисер балкански“, „Дирлада“, навивачки песни, се скандира „Македонија-Македонија“ - да посакате да сте во Хрватска и да ја доживеете еуфоријата што владее на првенството.
Вчера (15.01) почна Светското првенство во ракомет 2025, на кое домаќини се три земји - Хрватска, Данска и Норвешка.
Македонската репрезентација своите натпревари ги игра во Вараждин, Хрватска и синоќа веќе го имаше првиот меч, против Унгарија, кој заврши нерешено 27-27.
И додека нашите момци, предводени од Филип Кузмановски, Марко Митевски и одличниот голман Никола Митревски се бореа на теренот, македонските навивачи направија вистинска фешта и во арената, но и во фан зоната специјално подготвена за фалангата.
Вараждин беше обоен во црвено-жолто, насекаде се вееше македонското знаме, а навивачите во црвени и жолти дресови се забавуваа низ градот.
Нашата фан зона се наоѓа во локалот Medina Skrinja, кој од организаторот на СП е назначен како официјално место за собир на Македонците кои сакаат да ја бодрат репрезентацијата, да ги гледаат натпреварите во Вараждин, а сепак немаат билети за во арената.
На Инстаграм се објавени повеќе видеа од журката што ја направија нашите навивачи.
А таму, нашинци од сите возрасти, од мали деца, до возрасни Македонци, стотици на број, кои го преплавија локалот.
Се пеат „Бисер балкански“, „Дирлада“ и навивачки песни, се скандира „Македонија-Македонија“, се извикуваат имињата на Лазаров и играчите, се свири на тапан - да посакате да сте таму и да ја доживеете еуфоријата што владее на првенството.
Кликнете на видеата од фан-зоната:
Погледнете повеќе фотографии од фалангата:
Повеќе фотографии на следната страница...
Би можело да ве интересира:





