Најзгодната хрватска навивачка гневна пред почетокот на Европско: „Видете за што плаќам по 650 евра од вечер“

„Собите се стари, греењето не работи…“ Најпознатата хрватска и светска навивачка Ивана Кнол го искажа своето незадоволство од условите за сместување што ги добила во хотелот кој ѝ го претставиле како „најдобар во Берлин“, за време на Европското првенство во фудбал.

najzgodnata-hrvatska-i-svetska-navivachka-gnevna-pred-pochetokot-na-evropsko-videte-za-shto-plakjam-po-650-evra-od-vecher-01.jpg

Фудбалските фанови од целиот свет со нетрпение го очекуваат почетокот на новото Европско првенство, што годинава се одржува во Германија, а ќе започне денес (14.06) со натпреварот меѓу Германија и Шкотска.

Меѓу големиот број фудбалски фанови од светот што се собраа во Берлин за во живо да ги проследат натпреварите е и хрватската навивачка Ивана Кнол, која се прослави за време на Светското првенство во Катар, кога привлекуваше внимание со провокативните аутфити.

najzgodnata-hrvatska-i-svetska-navivachka-gnevna-pred-pochetokot-na-evropsko-videte-za-shto-plakjam-po-650-evra-od-vecher-04.jpg

Благодарение на ова светско првенство, Ивана беше прогласена за најзгодната навивачка во светот, а на својот Инстаграм профил сподели повеќе фотки со кои покажа дека веќе пристигнала во Берлин, од каде ќе навива за тимот на нејзината држава, но и за нејзините фаворити.

Таа позирајќи во смело издание, го искористи своето влијание на социјалните мрежи и за да се пожали на условите во луксузниот хотел во Берлин каде што отседнала.

najzgodnata-hrvatska-i-svetska-navivachka-gnevna-pred-pochetokot-na-evropsko-videte-za-shto-plakjam-po-650-evra-od-vecher-02.jpg

Поранешната Мис Хрватска се пофали дека плаќа по 650 евра од ноќевање во Берлин само за неа, но е разочарана од условите што ги добила.

„Плаќам илјадници евра за ’најдобриот хотел‘ во Берлин. Собите се стари, греењето не работи, теретаната и базенот се реконструираат. Не би го препорачала“ – напиша таа и во следното Стори на германски јазик допиша дека и вработените се некултурни кон неа.

najzgodnata-hrvatska-i-svetska-navivachka-gnevna-pred-pochetokot-na-evropsko-videte-za-shto-plakjam-po-650-evra-od-vecher-06.jpg

najzgodnata-hrvatska-i-svetska-navivachka-gnevna-pred-pochetokot-na-evropsko-videte-za-shto-plakjam-po-650-evra-od-vecher-07.jpg

Но, лошото сместување не беше пречка за Ивана да почне да споделува фотки во кои позира во смели изданија и во краток топ со знамето на нејзиниот национален тим.

Инаку, ова е првпат Ивана да присуствува на фудбалско првенство како сингл девојка, откако неодамна раскина со дечкото.

„Имав дечко со кого бев во врска 10 години. Раскинавме минатата година. Сега сум сингл, но, не сум во потрага по друг маж во моментов“ – изјави таа.

najzgodnata-hrvatska-i-svetska-navivachka-gnevna-pred-pochetokot-na-evropsko-videte-za-shto-plakjam-po-650-evra-od-vecher-09.jpg

За потсетување, Ивана на Светското првенство во Катар постојано се појавуваше во смели изданија, па честопати се коментираше дека може да се најде во непријатни ситуации со тамошните власти.

За Европско се очекува да ја продолжи традицијата и да докаже зошто по Катар беше прогласена за најзгодна навивачка во светот.

najzgodnata-hrvatska-i-svetska-navivachka-gnevna-pred-pochetokot-na-evropsko-videte-za-shto-plakjam-po-650-evra-od-vecher-05.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Беше оженет за Плејбој модел и доби син, сега е во врска со друг маж – Бурниот љубовен живот на Ралф... „Останав три вечери со него, но тој не ме допре ниту со прст, не се ни бакнавме“...
Зошто Мајк Тајсон по 20 години се врати во рингот и колку пари заработи од мечот со Џејк Пол? „За малку ќе умрев, добив 8 трансфузии, но сепак ги издржав 8-те рунди“ – рече М...
Петар Заборски од „Макпетрол” освои бронза на светската карате лига во Атина Каратистот на „Макпетрол“, Петар Заборски, се закити со бронзено одличје на турн...
Хари Кејн има најромантична приказна меѓу фудбалерите: Со сопругата учел во основно, Бекам е „винове... Капитенот на англиската фудбалска репрезентација, Хари Кејн, ја има една од нају...
Леќи во боја на фудбалски топки, фолклор – Најлудите маски на Европското првенство во фудбал 2024 Навивач на Белгија со маска со помфрит, Албанците со националните бои, а Италија...
На 16 години стана најмлад голгетер на Европско, си носи книги на првенството за да учи: Кој е Ламин... Ламин Јамал денес полни 17 години (роден е на 13 јули), а утревечер (14.07) со ш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg