Леќи во боја на фудбалски топки, фолклор – Најлудите маски на Европското првенство во фудбал 2024
- Детали
- петок, 05 јули 2024
Навивач на Белгија со маска со помфрит, Албанците со националните бои, а Италијанците со шапки во облик на пица... Како изгледаат некои од најлудите маски што фановите на фудбалот ги носеа на трибините за време на Европското првенство во фудбал 2024?
Според податоците во светските медиуми, досега се продадени 2,3 милиони билети за Европското првенство во фудбал, а се очекува годинава да биде надминат рекордниот број од 2.427.303 посетители кои навиваа од трибините на француските стадиони во 2016-та година.
По рестрикциите во 2021-ва година кога светот сѐ уште беше зафатен од короната и по Светското првенство во Катар, каде посетителите мораа да се придржуваат до наметнатиот код на облекување, се чини дека Германија е вистински рај за фудбалските обожаватели.
Европското првенство веќе навлегува во фаза на четвртфиналните натпревари, кои започнуваат да се играат денес (05.07), кога во 18 часот ќе се сретнат тимовите на Шпанија и Германија и на Англија и Швајцарија.
Но, во досегашните натпревари, фотографите од целиот свет имаа можност да забележат голем број фудбалски фанови кои на трибините се појавија во разнобојни костими, инспирирани од традицијата и фолклорот на нивните земји, како и од самиот спорт.
Во галеријата погледнете некои од највпечатливите изданија на публиката на Европското првенство 2024:
Б. С. Б. | Црнобело