Скандалозниот живот на Михаел Балак: Не ја преболе смртта на синот, а сега е во љубов со неговата девојка
- Детали
- недела, 05 јануари 2025
Јавноста беше згрозена кога дозна дека славниот фудбалер почнал љубовна врска со 25 години помлада манекенка, инаку девојката со која се гледал неговиот син кога починал...
Еден од најдобрите играчи за врска на сите времиња, германскиот фудбалер Михаел Балак, го следат скандали „на секој чекор“.
Од афери со зафатени жени, до љубовна врска со девојката на неговиот починат син - Балак постојано е во медиумите поради својот приватен живот.
И покрај неговата брилијантност на теренот, Балак (48) останува запаметен како еден од најголемите губитници во фудбалот.
Имаше 21 година кога ја освои шампионската титулата во Бундес лигата со Kaiserslauten, а многумина сметаа дека ќе биде наследник на Франц Бекенбауер.
Но, по само неколку години почна да му се случува фудбалски фијаско. Во само неколку недели со Bayer Leverkusen ги изгуби титулите во Лигата на шампионите, во германскиот куп и во Бундеслигата.
Ни следните клубови не се покажаа како среќни за Германецот, а ни со репрезентацијата не успеа да стигне со шампионските трофеи на Светските и Европските првенства.
Подеднакво бурен е и неговиот приватен живот.
Многупати се пишуваше дека имал афери со мажени жени, а поранешниот соиграч Кристијан Лел го обвини дека уништува животи со своето развратно однесување.
„Балак влегува во туѓите животи, се меша и ги уништува без да се грижи за последиците.
Мисли дека ако е капитен на Германија може да прави што сака“, изјавил Лел, а подоцна се дозна дека Балак имал афера со неговата девојка.
Тој не е првиот што го обвинил Балак за афера со туѓа жена.
Сепак, најголемиот животен удар го прими во 2021-ва година, кога неговиот син Емилио загина во сообраќајна несреќа во Португалија, на само 18 години.
Балак се повлече во себе и му требаше долго време да се опорави.
Откако зацврсна психички, почна да работи како аналитичар на фудбалски натпревари.
Брзо потоа, повторно ја шокираше јавноста кога германските медиуми објавија фотографии на кои се бакнува и разменува нежности со моделот Софија Шнајдеран (23).
А таа, освен што е 25 години помлада од него, е и девојката со која неговиот син Емилио бил во врска кога починал.
Откако се дозна дека се пар, Михаел и Софија често споделуваат заеднички фотографии на своите профили на Инстаграм и не ја кријат љубовта.
Освен Емилио, Балак има уште два сина - Луис и Џорди, инаку тројцата од бракот со Симон Ламбе.
А. Ј. | Црнобело