Се откажа од фудбалот поради неиздржливи болки, дома беше претепан и ограбен: Животот на Роберто Баџо

Од моментот кога престана да биде професионален фудбалер, Роберто Баџо веќе не сакаше ни да размислува за топката - болката во нозете му е толку силна, што одамна не игра фудбал ни за своја душа.

se-otkazha-od-fudbalot-poradi-neizdrzhlivi-bolki-doma-beshe-pretepan-i-ograben-zhivotot-na-roberto-badjo-01.fw.jpg

Легендарниот италијански фудбалер Роберто Баџо ја освои Златната топка во 1993 година, со што стана најдобар фудбалер на планетата.

Но, 10 години подоцна тој целосно се откажа од фудбалот.

Од моментот кога престана да биде професионалец, тој не сакаше ни да размислува за фудбал, поради неиздржливите болки во нозете.

se-otkazha-od-fudbalot-poradi-neizdrzhlivi-bolki-doma-beshe-pretepan-i-ograben-zhivotot-na-roberto-badjo-08.jpg

„Не игра откако се пензионира. Дури и кога игра со нас во дворот, по вториот дриблинг се откажува, бидејќи има силни болки и се плаши да не се повреди повторно.

Не знам што би дала за да го видам на теренот уште 90 минути. Но, има ужасна болка во колената.

Да бидам искрена, ми недостига возбудата да го гледам како трча кон голот, дрибла, забавува и потоа... гол! Таа радост, кога врескавме како луди, не се опишува“ - изјавила неговата ќерка Валентина.

se-otkazha-od-fudbalot-poradi-neizdrzhlivi-bolki-doma-beshe-pretepan-i-ograben-zhivotot-na-roberto-badjo-03.jpg

Фудбалерот уште од почетокот на кариерата стана препознатлив по своето опавче.

Некои дури и го нарекуваа „опавче на боговите“ кое му дава сила додека игра.

Истиот имиџ, Баџо го има и денес, на 57 години.

se-otkazha-od-fudbalot-poradi-neizdrzhlivi-bolki-doma-beshe-pretepan-i-ograben-zhivotot-na-roberto-badjo-06.jpg

Иако неговата ќерка смета дека животот му е уништен, легендарниот италијански репрезентативец и поранешен ас на Виченца, Фиорентина, Јувентус, Милан, Болоња, Интер и Бреша има сосема поинаков поглед на животот.

Тој спасот го најде во напорната работа на село, а таму живее од моментот кога ја заврши кариерата како фудбалер.

„Сечам дрва, возам трактор и навечер сум уморен, дури и се онесвестувам“, рече во една пригода Баџо.

se-otkazha-od-fudbalot-poradi-neizdrzhlivi-bolki-doma-beshe-pretepan-i-ograben-zhivotot-na-roberto-badjo-04.jpg

Тој признава дека местото каде што живее денес е сосема поинакво во однос на луксузните станови и куќи во кои живееше кога доминираше во фудбалскиот свет.

Италијанските медиуми пред неколку години пишуваа дека случаен минувач во селото го препознал и му побарал автограм.

Баџо се двоумел, па на крај се потпишал на хаубата на автомобилот.

„Уште еден уништен автомобил“, рекол Баџо откако ставил свој автограм, но минувачот му одговорил: „Напротив, сега е недопирлив“.

se-otkazha-od-fudbalot-poradi-neizdrzhlivi-bolki-doma-beshe-pretepan-i-ograben-zhivotot-na-roberto-badjo-02.jpg

Во текот на неговата кариера, Баџо беше главно напаѓач или офанзивен играч за врска.

Во дресот на италијанската репрезентација играше во финалето на Светското првенство во 1994 година и беше трет во 1990 година.

Тој одигра 56 натпревари и постигна 27 гола.

se-otkazha-od-fudbalot-poradi-neizdrzhlivi-bolki-doma-beshe-pretepan-i-ograben-zhivotot-na-roberto-badjo-09.jpg

Но, неодамна му се случи голема траума. Баџо бил претепан, ограбен и затворен, откако крадци упаднале во неговиот дом додека тој и неговото семејство го следеле натпреварот Италија-Шпанија.

Полицијата подоцна соопшти дека во вилата на Баџо влегле пет маскирани и вооружени напаѓачи.

Баџо се соочил со нив, а во конфликтот бил повреден.

Откако провалниците го совладале, Баџо и членовите на неговото семејство ги затвориле во плакар. 

Баџо успеал да се ослободи и ја известил полицијата. 

se-otkazha-od-fudbalot-poradi-neizdrzhlivi-bolki-doma-beshe-pretepan-i-ograben-zhivotot-na-roberto-badjo-05.jpg

Локалните портали објавија дека тој бил примен во болница каде морале да му се сошијат раните. 

Славниот фудбалер 35 години е во брак со сопругата Андреина, со која има три деца.

Својата годишнина ја одбележаа на 1 јули, а Баџо на својот Инстаграм профил сподели фотка од свадбата и видео како со цвеќе ја изненадува сопругата.

se-otkazha-od-fudbalot-poradi-neizdrzhlivi-bolki-doma-beshe-pretepan-i-ograben-zhivotot-na-roberto-badjo-11.jpg

А. Ј. | Црнобело / фото: Инстаграм

Би можело да ве интересира:

Хари Кејн има најромантична приказна меѓу фудбалерите: Со сопругата учел во основно, Бекам е „винове... Капитенот на англиската фудбалска репрезентација, Хари Кејн, ја има една од нају...
Леќи во боја на фудбалски топки, фолклор – Најлудите маски на Европското првенство во фудбал 2024 Навивач на Белгија со маска со помфрит, Албанците со националните бои, а Италија...
Шпионирање со дрон, силувач во одбојкарскиот тим на Холандија – Најголемите скандали од Олимписки иг... Иако Франција потроши 1,5 милијарди долари за да ја исчисти Сена во Париз, плива...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg