Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Започна Chefs de Mission семинарот во Скопје, како дел од подготовките за ЕМОФ Скопје 2025

Министерот за спорт, Борко Ристовски ја потенцираше поддршката на државата за организирање на најголемиот спортски настан во Македонија досега, а претставници од 49 европски олимписки комитети имаат можност да се запознаат со организациските аспекти, спортските објекти и логистичките капацитети на градовите домаќини Скопје и Куманово.

zapocna-chefs-de-mission-seminarot-vo-skopje-kako-del-od-podgotovkite-za-emof-skopje-2025-01.JPG

Во рамките на подготовките за Европскиот младински олимписки фестивал - ЕМОФ Скопје 2025, што ќе се одржи од 20 до 26 јули во Скопје и Куманово, денеска во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје официјално беше отворен Chefs de Mission семинарот, што ќе се одржува на 9 и 10 април, и на кој присуствуват делегации од 49 европски олимписки комитети.

Учесниците имаа можност да се запознаат со организациските аспекти, спортските објекти и логистичките капацитети, како и со градовите-домаќини на најголемиот спортски настан во историјата на Македонија. Chefs de Mission семинарот претставува еден од клучните моменти во подготовките за фестивалот, овозможувајќи презентација на сите аспекти на организацијата и размена на искуства со делегациите што се дел од ЕМОФ Скопје 2025. За Скопје и Куманово, како домаќини, ова е извонредна можност да покажат дека се подготвени за ваков огромен спортски настан и дека Македонија може да биде дел од европската и светската спортска мапа.

zapocna-chefs-de-mission-seminarot-vo-skopje-kako-del-od-podgotovkite-za-emof-skopje-2025-02.JPG

Пред официјалниот почеток на семинарот се обратија Борко Ристовски - Министер за спорт, Даниел Димевски - Претстедател на Македонскиот олимписки комитет (МОК) и Лини Халдерсдотир - Претседателка на Комисијата за ЕМОФ при Европските олимписки комитети (ЕОК), кои ја истакнаа важноста на фестивалот за младинскиот спорт, како и за меѓународната промоција на Македонија.

Министерот Борко Ристовски ја потенцираше поддршката на државата за организирање на вака значаен спортски настан.

„Како Влада и Министерство, целосно сме посветени на овозможување услови за успешна организација на ЕМОФ Скопје 2025 и промовирање на вистински вредности меѓу младите. Ова е повеќе од спортски настан - ова е инвестиција во младите, во спортската инфраструктура, но и во имиџот на нашата држава. Убеден сум дека ќе бидеме одлични домаќини и дека во јули ќе го видиме Скопје во најубаво светло, подготвено да ги пречека идните европски спортски ѕвезди“, истакна Ристовски.

zapocna-chefs-de-mission-seminarot-vo-skopje-kako-del-od-podgotovkite-za-emof-skopje-2025-03.JPG

Претседателот на МОК, Даниел Димевски го нагласи историскиот карактер на европскиот младински олимписки фестивал за земјата.

„Станува збор за извонреден спортски настан, најголем што досега го организирала нашата држава, со речиси 4.000 учесници и голем број гости и официјални лица. Македонија од 20 до 26 јули ќе биде седиште на спортот во Европа и ќе имаме привилегија да ги нагостиме најдобрите европоски идни ѕвезди, кои што во иднина ќе бидат и светски и олимписки ѕвезди. Со ова се отвора можност не само за меѓународна промоција на Македонија, туку и за рестарт на младинскиот спорт дома. Очекуваме околу 200 македонски спортисти, кои како домаќини ќе се натпреваруваат во сите дисциплини. Огромна благодарност и до Министерот и Владата, кои што застанаа зад овој проект и таа поддршка ни е неопходна да испорачаме еден вонсериски спортски настан“, посочи Димевски.

Претседателката на Комисијата за ЕМОФ при ЕОК, Лини Халдерсдотир, ја истакна важноста на семинарот и напорите на локалната организација

„Овој семинар е од суштинско значење – тука сме за да се увериме дека сите елементи на организацијата се на високо ниво. Импресионирани сме од напредокот и од посветеноста на тимот во Скопје и Куманово. Иако Олимпискиот комитет на Македонија се приклучи на проектот пред само две години, направено е многу. Ова е предизвик, но и огромна можност за вашата земјa“, нагласи Халдерсдотир.

Во пресрет на фестивалот, Скопје ќе биде домаќин и на големиот настан „100 дена до ЕМОФ“, кој ќе се одржи во Ист Гејт Мол на 12 април (сабота). Оваа манифестација дополнително ќе пружи поддршка на семејствата погодени од трагедијата во Кочани, а спортско-забавниот дел ќе вклучи турнири во 3х3 баскет и богата интерактивна програма. Настанот ќе биде одлична можност за младите да се запознаат со олимпискиот дух и да бидат дел од одбројувањето до почетокот на фестивалот.

Ова лето, повеќе од 4.000 учесници, вклучувајќи 900 волонтери, ќе бидат дел од ЕМОФ Скопје 2025, кој ќе се одржи од 20 до 26 јули. Натпреварите ќе се одржат во 15 спортови: атлетика, бадминтон, кошарка, баскет 3х3, кану слалом, велосипедизам, ракомет, џудо, пливање, стрелаштво, пинг понг, теквондо, одбојка, планински велосипедизам и гимнастика. За време на фестивалот, Скопје ќе биде домаќин на најголемиот дел од натпреварите, додека Куманово ќе ги пречека велосипедистите и кошаркарите. Уникатниот спортски амбиент ќе биде дополнет со натпреварите во гимнастика, кои ќе се одржат во Осиек, создавајќи вистинска олимписка атмосфера низ различни локации.

Би можело да ве интересира:

Македонската фаланга го обои Вараждин во црвено-жолто - „Бисер балкански“ ечи на СП во ракомет 2025 ... Нашата фан-зона е преплавена со стотици Македонци, се пееја „Бисер балканск...
Златни момци! Нашите кошаркари до 18 години се европски шампиони - 8 натпревари без пораз во Скопје Горди сме на нашите момци - кошаркарите до 18 години го освоија првото злато на ...
Директорот на млади категории на гигантот Пик Сегед во улога на тренер и предавач на кампот „40х20“ ... Еднодневниот бесплатен семинар, ќе се одржи за време на кампот во Охрид и истиот...
Маратонецот Дарио Ивановски со развиорено знаме помина на целта - Олимписката трка ја заврши на 69-т... Пред да влезе на целта, Дарио од својот тренер го зеде македонското знаме и со в...
Браво! Бобан Илиоски е нов европски шампион во кик-бокс Македонецот Бобан Илиоски нè направи горди - ја освои титулата европски шампион ...
Одбројувањето започнува: На 12 април се одбележуваат 100 дена до стартот на ЕМОФ Скопје 2025 Во пресрет на најголемиот спортски настан во државата досега, во сабота во Ист Г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg