Маратонецот Дарио Ивановски со развиорено знаме помина на целта - Олимписката трка ја заврши на 69-то место
- Детали
- сабота, 10 август 2024
Пред да влезе на целта, Дарио од својот тренер го зеде македонското знаме и со високо крената рака ја помина финиш линијата.
Македонскиот маратонец Дарио Ивановски е 69-ти од 81 натпреварувач во маратонот на Летните олимписки игри во Париз. Тој патеката ја истрча за 2:28:15.
Пред да влезе на целта, Дарио од својот тренер го зеде македонското знаме и со високо крената рака ја помина финиш линијата.
Победник е Тамират Тола од Етиопија, кој постави нов олимписки рекорд со време 2:06:26, и го подобри стариот рекорд за шест секунди.
Второпласиран е Башир Абди од Белгија, а Бенсон Кипруот од Кенија го освои бронзениот медал со време од 2:07.00.
https://www.facebook.com/photo.php?fbid=868459512007270&set=a.345770890942804&type=3&ref=embed_post
А. Ј. | Црнобело