Браво! Нашата Мила Рељиќ победи двократна олимписка шампионка во таеквондо на својот деби настап на ОИ
- Детали
- четврток, 08 август 2024
Браво! Нашата таеквондистка Мила Рељиќ ја изненади двојната олимписка шампионка и ја победи со 2:1 - наскоро ќе се бори за влез во полуфинале!
Младата македонска таеквондистка Мила Рељиќ е најголемо изненадување на олимпискиот турнир во таеквондо во Париз 2024, откако во својот прв настап ја елиминираше двојната олимписка шампионка, Џејда Џонс.
Нашата Мила беше подобра од Британката Џонс со резултат 2:1 и денес во 15:45 часот ќе се бори за влез во полуфиналето, а ќе се натпреварува против Либанката Летиција Аун.
Мила се бори во категоријата до 57kg. Доколку победи во следната борба, таа по 16:10 ќе настапи во полуфиналето на олимпискиот турнир во таеквондо.
Борбата за бронзата е вечер во 20:30, додека најдобрите две таеквондистки ќе се борат за злато во 21:37 часот.
А. Ј. | Црнобело