„Македонско девојче“ ечи во Париз: Јокиќ пее качен на стол, српските кошаркари ја славеа бронзата (видео)
- Детали
- недела, 11 август 2024
Кулминацијата на прославата беше кога најдобриот играч на НБА, Никола Јокиќ, се качи на столче и почна да пее на цел глас, а меѓу песните беше и „Македонско девојче“.
Вчера изутрина (10.08) српски кошаркари ја победија Германија во борбата за третото место на Олимписките игри во Париз, а бронзата ја прославија во кафеана со семејствата.
Тие почнаа со прославата уште во автобусот кој од салата ги носеше кон хотелот, а потоа, во ист стил продолжија и во ресторанот.
Пееја песни за душа, даваа пари на музиката, а кулминацијата беше кога најдобриот играч на НБА, Никола Јокиќ, се качи на столче и почна да пее на цел глас.
Меѓу песните што ги испеаја Јокиќ и српските кошаркари, но и селекторот Пешиќ ја запеаја „Македонско девојче“.
На видеата од прославата што се шират на Твитер, многумина коментираат дека момците би требале да го понесат со себе и микрофонот на доделувањето на медалите.
Други, пак, го прашаа Јокиќ колку испил и дали може да стои на нозе.
За потсетување, Србија ја освои бронзата по победата над Германија, а САД беше подобра од Франција во финалето и освои злато.
Погледнете го видеото:
A. J. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





