Хари Кејн има најромантична приказна меѓу фудбалерите: Со сопругата учел во основно, Бекам е „виновен“ за нивната љубов
- Детали
- недела, 30 јуни 2024
Капитенот на англиската фудбалска репрезентација, Хари Кејн, ја има една од најубавите љубовни приказни меѓу фудбалерите. Сопругата ја запознал кога имал само 11 години, а виновен за тоа е Дејвид Бекам.
На Хари Кејн во 2005 година му се исполнил еден од најголемите детски соништа - да го запознае Дејвид Бекам, кој во тоа време играл за Real Madrid.
Славниот англиски фудбалер бил во посета на училиштето во кое одел Хари, па освен што поминал малку време со учениците, тој се фотографирал со неколку од нив.
На фотката која Кејн ја има како спомен од таа средба, со нив е и едно девојче - Кејт Гудланд, која неколку години подоцна му стана девојка и со која се ожени во 2019 година.
Парот денес има и четири деца, кои се плод на нивната долга и силна љубов.
Хари и Кејт се запознале уште во основното училиште Larkswood Primary во источниот дел на Лондон, а потоа заедно оделе и во средното училиште Chingford Foundation School, каде што се случила судбинската средба со Бекам.
Еден на друг си се првата, единствена и најголема љубов во животот, што е многу важно за Кејн.
„Да сум сега сингл и да запознавам жени, не би знаел дали се со мене поради вистинската причина. Или поради парите. Не би можел да го знам тоа. Но, среќен сум што имам љубов од детството“, рече фудбалерот во интервју во 2017 година.
https://www.instagram.com/p/C8P-Lontv2E/
Тие се нераздвојни уште од тинејџерските денови, а се заколнаа на вечна љубов во јуни 2019 година, кога направија романтична и интимна свадба.
Иако низ годините објавија неколку фотографии од венчавката, никогаш не открија каде правеле свадба.
„Се омажив за својата сродна душа, тоа беше еден од најдобрите денови во мојот живот. Фала ти што ми ги исполни соништата, совршен си“, му порача Кејт на сопругот.
Кога се венчаа, тие веќе ги имаа ќерките Ајви и Вивијен, а потоа ги добија и синовите Луис и Хенри.
Додека Кејн градеше фудбалска кариера, Кејт студирала спортски науки, а потоа работела и како личен тренер.
Таа своите совети за здравје, фитнес и спорт ги споделува и преку Инстаграм, каде што ја следат над 300.000 луѓе.
„Секогаш сакаше да има своја кариера, заврши факултет и работеше напорно“, изјавил гордо фудбалерот.
Таа соработува и со британски бренд за накит, па за нив дизајнирала посебна колекција, а парите од продажбата ќе бидат донирани во добротворната организација на нејзиниот сопруг, Harry Kane Foundation.
Парот со своите деца од 2023 живее во Минхен, во вила од 30 милиони фунти, во областа која ја нарекуваат „баварскиот Беверли Хилс“.
Причината за ова е кариерата на Кејн, кој потпиша договор за Bayern Munich.
И покрај тоа што од Англија набрзина се преселија во Германија, Хари и Кејт велат дека се среќни и дека на децата им е убаво таму, но и дека животот во Минхен не им се разликува многу од животот претходно во Лондон.
А. Ј. | Црнобело