Беше оженет за Плејбој модел и доби син, сега е во врска со друг маж – Бурниот љубовен живот на Ралф Шумахер
- Детали
- вторник, 16 јули 2024
„Останав три вечери со него, но тој не ме допре ниту со прст, не се ни бакнавме“ – уште пред 20 години една од поранешните девојки на Ралф Шумахер објави дека нешто чудно се случувало во нивната врска и отворено се прашуваше дали тој е геј. Формула 1 возачот конечно откри дека е во врска со друг маж.
Кога ќе се спомне презимето Шумахер, најчесто сите прво помислуваат на Михаел, иако неговиот помал брат Ралф има успешна кариера во Формула 1 и досега има шест Гран при победи.
Но, тој се трудеше колку е можно повеќе својот приватен живот да го чува подалеку од очите на јавноста.
Ралф сега е во фокусот на вниманието, откако пред само неколку дена објави дека е во врска со друг маж и со тоа стана вториот возач во историјата на Формула 1 кој се идентификувал како припадник на ЛГБТ заедницата.
Првиот бил Мајк Бојтлер, кој се натпреварувал во периодот помеѓу 1971-ва и 1973-та година.
Минатиот викенд, Ралф објави романтична фотографија на која заедно со партнерот го гледаат зајдисонцето, а до неа напиша:
„Најубавото нешто во животот е до себе да го имаш вистинскиот партнер, со кого можеш да споделиш сè“.
Според светските таблоиди, новиот партнер на Шумахер е Французинот Етјен, кој работел како бизнис менаџер за Формула 1 возачот, пред да ја започнат врската.
Според извори блиски до парот, Ралф и Етјен две години биле заедно пред да одлучат да објават дека се во врска.
Оваа објава на Шумахер изненади многумина, особено ако се земе предвид дека тој во минатото бил во врски со припаднички на спротивниот пол.